Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
СВЕТ

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Објавено November 3, 2025 15:35
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ.

Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесе МТИ.

– Затоа Брисел е толку вознемирен. Затоа сакаат да запленат замрзнати руски средства, да го ревидираат системот за финансирање на ЕУ и да земат нови заеми. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ниту политички, ниту економски, ниту морално. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел постојано нè напаѓа – рече Орбан.

Тој рече, користејќи германски израз, дека ЕУ сака „јавол (jawohl) влада“, односно влада која само ќе кажува „разбирам“.

– Тие сакаат „јавол влада“, со Канцеларија на европскиот јавен обвинител, економска политика што е во согласност со ЕУ, експерти одобрени од Брисел и премиер што можат да го контролираат – рече Орбан.

Унгарскиот премиер најави дека неговата влада во следните четири години ќе ги поддржува унгарските семејства, бизниси и пензионери, во чии рамки ќе се воведе ослободување од данок за мајките со две или три деца, а ќе се врати 14-тата пензија.

– Не можеме да дозволиме унгарски пари да се испраќаат во Украина – заклучи Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност
Следна Статија Загинатиот велосипедист е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Русија го предупредува Израел: Не размислувајте за напад на иранските нуклеарни постројки

Русија го предупреди Израел во никој случај да не размислува за напад врз иранските нуклеарни постројки, објави државната новинска агенција…

October 17, 2024
СВЕТ

Во УСАИД ќе останат само 290 вработени од досегашните 10.000

Американската агенција за меѓународен развој засега ќе задржи само 290 вработени на должност, додека илјадници други ќе останат на одмор…

February 7, 2025
СВЕТ

Трамп објави снимка од нападот на иранскиот остров Харг

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави видео од синоќешните американски напади врз иранските воени цели на островот Харг во северниот…

March 14, 2026
СВЕТ

Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп „целосно ги поддржува Израел и израелската војска и акциите преземени во последните денови во Појасот Газа“,…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?