Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната
СВЕТ

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната

Објавено October 23, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Не само што Украина мора да се одбрани, туку и заедно со цела Европа и САД мора да извршиме притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да ја запре војната, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс.

– Благодарен сум и на Европската Унија што денеска го одобри 19-тиот пакет санкции кон Русија, ограничувајќи ја флотата за нафта во сенка и банкарските и финансиските системи, забранувајќи увоз на руски течен природен гас и, првпат, воведувајќи санкции против крипто шеми и платформи. Многу важна одлука, наведе Зеленски, кој денеска престојува во Брисел каде учествуваше во дебатата во рамки на Самитот на ЕУ посветена на состојбата во Украина.

Зеленски посочи и дека на состанокот на Европскиот совет им се обратил на лидерите на ЕУ во „многу важен момент“ кога Русија активно се обидува да го користи студеното време како оружје.

– Украина знае што да прави за да ги спречи најлошите сценарија, а тоа бара решителна и итна колективна акција, потенцира украинскиот претседател.

Според него, дел од заедничката одбрана на Украина и ЕУ е и процесот на проширување на Унијата, кој придонесува за геополитичката безбедност на Европа.

– Ве повикувам да пронајдете начин ЕУ да ги одржи своите ветувања, исто како што Украина ги одржува своите, вели Зеленски.

Тој во објавата им се заблагодарува на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и на лидерите на ЕУ затоа што „гарантираат дека Европската Унија ќе продолжи да стои крај Украина“.

– Многу е важно што заедно бараме начини да ја гарантираме отпорноста и заштита и за Украина и за сите во Европа, потенцира Зеленски.

Пред Самитот, тој имал и билатерална средба со Кошта, со кого, како што наведе во објавата, разговарале за одбранбената помош за Украина, инструментот Безбедносна акција за Европа (САФЕ), за украинскиот пат кон членство во ЕУ и за чекорите потребни за отворање на преговарачките кластери.

– Важно е сите да дејствуваме решително и единствено. Ова е она што ќе помогне да се принуди Русија да ја прекине својата агресија, додаде Зеленски, притоа заблагодарувајќи му се на Кошта за поканата за учество на Самитот на ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Патриотизмот не се мери со зборови туку со дела, главна цел ќе биде битката за подобар животен стандард
Следна Статија Мицкоски: Да излеземе масовно на 2-ри ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави Ројтерс

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со…

March 4, 2025
СВЕТ

Канада треба да стане 51-та американска држава, вели Трамп

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера на социјалните мрежи ја обнови идејата Канада да стане 51-та американска држава, нарекувајќи ја…

December 19, 2024
СВЕТ

Почина Хозе Мухика, поранешен претседател на Уругвај кој платата ја делеше на сиромашните и возеше стар фолксваген „буба“

Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хозе „Пепе“ Мухика (89), култна фигура поради неговиот скромен начин на живот, откако ја загуби…

May 14, 2025
СВЕТ

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Американската осигурителна компанија Алстејт иншуренс (Allstate Insurance) денеска го соопшти својот план за исплата на 1,1 милијарда долари (1,65 милијарди…

February 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?