Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: На Русија ѝ предложивме преговори за следната недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: На Русија ѝ предложивме преговори за следната недела
СВЕТ

Зеленски: На Русија ѝ предложивме преговори за следната недела

Објавено July 20, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи нови преговори со Русија што би се одржале следната недела, објавија светските агенции.

Зеленски го даде овој предлог на својот канал на апликацијата Телеграм.

Украина и Русија одржаа две рунди преговори во Истанбул оваа година, што доведоа само до размена на воени заробеници, но не и до пробив во позициите на двете страни за условите на прекинот на огнот, потсетуваат агенциите.

Зеленски рече дека го испратил предлогот за разговори до Москва.

Потоа, во своето вечерно обраќање до Украинците, тој рече дека темпото на разговорите треба да се забрза и дека треба да се направи сè за да се постигне прекин на огнот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави претходно денеска дека руската делегација е подготвена да дојде во Истанбул на трета рунда разговори со украинската страна. Таа изрази надеж дека Киев ќе дејствува во духот на постигнатите договори и ќе го продолжи процесот на преговори со цел прекин на огнот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: 5 активни пожари на отворен простор
Следна Статија Сончево и топло, со температура до 39 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Авион се урна во Германија, од запалените остатоци извлечено живо дете

Шестгодишно девојче е извлечено од запалените остатоци на авионот што се урна вчера во Германија. Нејзиниот татко не можел да…

March 22, 2025
СВЕТ

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти

Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Киев во текот на…

June 6, 2025
СВЕТ

Макрон го назначи министерот за одбрана Лекорну за петти француски премиер за помалку од две години

Францускиот претседател Емануел Макрон денес го назначи министерот за одбрана Себастијан Лекорну за нов премиер на Франција, соопшти претседателството. Лекорну…

September 10, 2025
СВЕТ

(Видео) Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

Нови сателитски снимки покажаа значителна руска воена активност во близина на источната граница на Финска. Аналитичарите истакнуваат дека бројот на…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?