Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сончево и топло, со температура до 39 степени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сончево и топло, со температура до 39 степени
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, со температура до 39 степени

Објавено July 20, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Сончево и топло време со температура до 39 степени Целзиусови се очекува денеска, а под влијание на топла воздушна маса од југ, високите температури ќе продолжат и во наредните денови. Поради зголемениот УВ индекс и ризикот од топлотни бранови, надлежните институции препорачуваат престој во разладени простории, внесување доволно течности, избегнување физички активности во најтоплите часови, како и посебна грижа за ранливите категории на граѓани.

Согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.  Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.

Поради топлото време, од Министерството за здравство дадоа повеќе препораки за заштита на населението од високи температури помеѓу кои престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи. 

СЕ препорачува и избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: На Русија ѝ предложивме преговори за следната недела
Следна Статија Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Перински: На објектите што имаат некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат

Како Влада наша обврска пред се е безбедноста на граѓаните и да го исправиме или да го поставиме на здрави…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на…

June 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме делото на Св. Климент Охридски

На овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

УКИМ годинава испадна од листата најдобри 2.000 универзитети според CWUR

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не е дел од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?