Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: На Русија ѝ предложивме преговори за следната недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: На Русија ѝ предложивме преговори за следната недела
СВЕТ

Зеленски: На Русија ѝ предложивме преговори за следната недела

Објавено July 20, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи нови преговори со Русија што би се одржале следната недела, објавија светските агенции.

Зеленски го даде овој предлог на својот канал на апликацијата Телеграм.

Украина и Русија одржаа две рунди преговори во Истанбул оваа година, што доведоа само до размена на воени заробеници, но не и до пробив во позициите на двете страни за условите на прекинот на огнот, потсетуваат агенциите.

Зеленски рече дека го испратил предлогот за разговори до Москва.

Потоа, во своето вечерно обраќање до Украинците, тој рече дека темпото на разговорите треба да се забрза и дека треба да се направи сè за да се постигне прекин на огнот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави претходно денеска дека руската делегација е подготвена да дојде во Истанбул на трета рунда разговори со украинската страна. Таа изрази надеж дека Киев ќе дејствува во духот на постигнатите договори и ќе го продолжи процесот на преговори со цел прекин на огнот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: 5 активни пожари на отворен простор
Следна Статија Сончево и топло, со температура до 39 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Саркози од денес во затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше дискретно пречекан во Елисејската палата од страна на сегашниот претседател Емануел Макрон во петокот,…

October 21, 2025
СВЕТ

Не може секој да биде телохранител на Путин

Игор Петровиќ е аикидо мајстор кој долги години живее во Русија. Тој е еден од тренерите на телохранителите на претседателот…

March 3, 2025
СВЕТ

Над 200 британски компании прифатија четиридневна работна недела

Повеќе од 200 британски компании трајно се префрлија на четиридневна работна недела без намалување на платите на вработените. Помеѓу компаниите…

January 27, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Палестинците масовно се евакуираат од Газа по големата офанзива на израелската војска

Илјадници семејства се обидуваат да избегаат од Газа додека израелската војска спроведува копнена операција како дел од нејзината голема офанзива…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?