Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски сега сака да се сретне со Путин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски сега сака да се сретне со Путин
СВЕТ

Зеленски сега сака да се сретне со Путин

Објавено June 4, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи прекин на огнот додека се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

– Мојот предлог, кој верувам дека нашите партнери можат да го поддржат, е да им предложиме на Русите прекин на огнот до лидерска средба, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.

Тој додаде дека условите за мир што ги поставува Москва се ултиматуми.

Изјавата на Зеленски се однесува на условите содржани во меморандумот што Русија ѝ го предаде на Украина на почетокот на неделата, а кој предвидува повлекување на украинската војска од четири региони за кои Москва тврди дека ги анектирала.

– Тоа е ултиматум што руската страна ни го наметнува. Затоа, според мене, тие не го објавија документот пред преговорите, бидејќи знаат дека доколку беше објавен, Украина ќе имаше полно право да не дојде на состанокот во Истанбул, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека нема смисла да се продолжат преговорите во Истанбул со постојните делегации, бидејќи по два круга тие не дале резултати.

– Мислам дека Русија е подготвена да продолжи со размена на заробеници, но сегашната руска делегација, предводена од советник од втор ред од кабинетот на претседателот, не е на ниво за да дискутира за прекин на огнот, рече Зеленски. Според него, продолжување на дипломатските средби на тоа ниво „нема смисла.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Nvidia“ го надмина „Мајкрософт“, повторно е највредната компанија во светот
Следна Статија Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Критичната поморска патека на светските енергетски текови повторно во фокусот

Во екстремен сценарио на ескалација, стручниците проценуваат дека цените на нафтата можат драстично да пораснат

January 13, 2026
СВЕТ

Предупредивме дека постои голем ризик: Како се случи разорниот земјотрес во Мјанмар и зошто се стравува дека има илјадници загинати

Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар „не беше неочекуван настан“, изјави за…

March 28, 2025
СВЕТ

Орбан: Бараните 800 милијарди долари од Украина не растат на дрвја

Бараните 800 милијарди евра што Украина ги очекува од Европската Унија во следните десет години за Унгарија ќе се претворат…

January 14, 2026
СВЕТ

Експлозии на меѓународниот аеродром во Техеран

Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Инфраструктурата на аеродромот…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?