Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски се пожали: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски се пожали: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали
СВЕТ

Зеленски се пожали: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

Објавено March 29, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја загрозил интеграцијата во Европска Унија, додавајќи оти е прерано за донесување на заклучок за „драматично проширениот договор“ предложен од САД.

Според него текстот е „целосно поинаков“ од претходниот нацрт-договор, што требаше да биде потпишан со американскиот претседател Доналд Трамп пред минатомесечните преговори, кои прераснаа во вербален судир.

Не сакам да поттикнам бран коментари, сакам адвокатите на највисоко ниво да спроведат анализа, посочи Зеленски.

Првата потпретседателка на украинската Влада и министерка за економија Јулија Свириденко вчера изјави дека ја добиле работната верзија на текстот на договорот со САД за ретки минерали и оти се работи на формулирање на украинскиот став за документот.

Го добивме текстот на договорот, во моментов работиме на тоа. Тоа е работна верзија, која во суштина го одразува ставот на американските правни советници, ние ја формираме нашата позиција, наведе Свириденко.

Со последниот американски предлог бара од Киев да му ги испрати на Вашингтон сите приходи од фондот, што ќе ги контролира украинските ресурси, додека Украина не ја плати американската воена помош со камата.

Според тројца неименувани извори Вашингтон ги изменил своите барања. Според последниот нацрт, Украина нема да има безбедносни гаранции и од неа се бара да придонесе во заеднички инвестициски фонд со приходи од природни ресурси управувани од државни и приватни компании.

Според резимето, нацртот предвидува Вашингтон да има приоритет при купување ресурси и враќање на сите пари испратени во Украина од 2022 година, со годишна каматна стапка од четири отсто, пред Украина да добие пристап до приходите на фондот.

Со заедничкиот инвестициски фонд би управувала американската корпорација за меѓународен развој, а фондот би имал пет членови на одборот, од кои тројца би биле назначени од САД и двајца од Украина. Средствата би се заменувале за девизи и би се испраќале во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Убиениот ограбувач на банка во Сплит имал дебело криминално досие
Следна Статија Кучињата му се викаат „Ракија“ и „Пиво“: Кој е Марк Брновиќ, новиот амбасадор на Америка во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Брутална математика на војната: Пресметано колку години ќе им бидат потребни на Русите да ја заземат Украина со ова темпо

Во април, руските сили успеаја да окупираат околу 176 квадратни километри украинска територија. Но, тие платија висока цена за тоа…

May 3, 2025
СВЕТ

ВИДЕО: Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа

Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси.…

April 11, 2025
СВЕТ

Путин: Западот отворено се подготвува за војна со Русија, подготвени сме да одговориме

Западните земји отворено зборуваат за подготовки за војна со Русија и ги зголемуваат своите воени буџети, изјави рускиот претседател Владимир…

June 23, 2026
СВЕТ

Прелиминарен извештај: Седиштето на пилотот ја предизвикало авионската несреќа на „Ер Индија“ со 270 жртви?

Механички дефект на пилотското седиште е главната причина за падот на авионот на „Ер Индија“, лет AI-171, во кој животот…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?