Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјоделците во Брисел најавија масовен протест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Земјоделците во Брисел најавија масовен протест
СВЕТ

Земјоделците во Брисел најавија масовен протест

Објавено July 13, 2025 17:38
Сподели
Сподели

Во периодот од крајот на 2023, па до почетокот на пролетта 2024 година, Брисел беше сведок на неколку големи земјоделски протести, понекогаш и со елементи на насилство, на кои земјоделците го изразуваа своето незадоволство од спроведувањето на Заедничката земјоделска политика на ЕУ и пред се од мерките поврзани со остварувањето на климатските цели. 

Протестите прекинаа во пресрет на ланските избори за членови на Европскиот парламент, по добиените ветувања од страна на Европската комисија за преземање  мерки за олеснување на зелената транзиција за земјоделците. 

Но, по затишје од нешто повеќе од една година, за в среда е најавен нов „масовен протест“ на земјоделците во Брисел, во знак на незадоволство поради плановите за намалување на земјоделските субвенции и намерата на Европската комисија да го префрли финансирањето од земјоделските и кохезивните фондови на т.н. „национални партнерства“ раководени од земјите членки на ЕУ. 

Протестите, организирани од неколку европски земјоделски здруженија, се закажани за истиот ден за кога Европската комисија го најави претставувањето на својот прв пакет предлози поврзани со подготовката на следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ за по 2027 година. 

Организаторите на протестот најавија дека е предвидене „симболичен марш“, кој ќе започне од пред Европскиот парламент и ќе заврши пред зградата на Европската комисија. 

Според организаторите, со овој протест тие сакаат да повикаат на „обновена посветеност“ на земјоделскиот сектор, на изработка на буџет за Заедничката земјоделска политика прилагоден на стапката на инфлација и за зачувување на сегашната структура на „два столба“ на земјоделската политика, кои вклучуваат директни субвенции и средства за рурален развој. 

Хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ денеска најави дека за развој на хрватското земјоделство во новиот финансиски период до 2027 година ќе бидат обезбедени над пет милијарди

Во пресрет на протестот организациите на земјоделците покренаа иницијатива за собирање потписи на петицијата насловена „Нема безбедност без Заедничка земјоделска политика“, алудирајќи на актуелните приоритети на ЕУ за зајакнување на европската одбрана и безбедност.  

Иницијаторите на петицијата сметаат дека Заедничката земјоделска политика има суштинска важност за гарантирање на безбедноста на храната во Европа и за одржување на стабилноста на европските земјоделски заедници и се против актуелните предлози на Европската комисија за промена на структурата на финансирање на земјоделскиот сектор. 

Европската комисија предлага во следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 да се изврши спојување на финансирањето за земјоделство и кохезивната политика во т.н. „национални партнерства“, со цел да се поедностави исплатата на финансиските средства и да им се овозможи на земјите членки да ги прилагодат инвестициите на нивните специфични потреби и приоритети.  

Според овој модел, би се воспоставило „споделено управување“ со фондовите од страна на Европската комисија и соодветните државни институции во земјите членки. На тој начин земјоделците ќе можат да аплицираат за средства во рамките на Заедничката земјоделска политика преку министерствата за земјоделство или други соодветни институции во нивната матична земја, кои потоа би биле задолжена за менаџирање со средствата за конкретните проекти во име на ЕУ. 

На овој начин властите на национално, регионално и локално ниво во земјите членки би избирале кои проекти ќе се финансираат и ја преземаат одговорноста за управување со распределбата на средствата, додека Комисијата би ја контролирала реализацијата на проектите и дали парите се наменски потрошени. 

Но, земјоделските здруженија сметаат дека ваквата промена во начинот на финансирање би можеле да ги поткопа основите на европското земјоделството, доведувајќи ги во сериозен ризик неговата иднина и способноста на Европа да се прехрани себе си

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ретрограден Сатурн почнува на 13 јули и ќе трае до крајот на ноември
Следна Статија (ВИДЕО) Парче од Марс што падна на Земјата е на продажба: Цената е астрономска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во саботата се закани со царини од 100% против блокот од девет нации доколку тие дејствуваат…

December 1, 2024
СВЕТ

Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе решителни контрамерки на американските царини

Европската унија нема да остане без одговор на воведувањето на неоправданите царини од страна на САД и ќе преземеме соодветни…

February 14, 2025
СВЕТ

Го нема Путин, не доаѓа ни Трамп: Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема…

May 15, 2025
СВЕТ

Хамас: Во изминатите 24 часа во Газа загинаа најмалку 84 лица, вкупно 42.603 жртви

Најмалку 84 лица загинаа во појасот Газа во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?