Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини
БАЛКАН

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Објавено February 18, 2025 20:06
Сподели
Сподели

Два земјотреси со јачина од 5 и 4,9 степени беа регистрирани утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, во рамките на серијата земјотреси од изминатите најмалку три седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Двата земјотреси беа во период од нешто помалку од час и половина, најсилниот беше во 6.46 часот, на кој му претходеше еден од 4,5 степени, додека кусо по 8 часот утрово беше регистриран уште еден, од 4.9 степени според Рихтер.

Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 15 февруари, биле регистрирани над 20.000 земјотреси, од кои над 17.400 биле посилни од 1 степен.

Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи и оваа седмица, трета по ред, се затворени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров: САД почнуваат подобро да ја сфаќаат позицијата на Русија
Следна Статија Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато

Приморскиот бугарски град Царево од изутрината е под зголемена полициска контрола откако во јавноста се прошири информацијата за исчезнат сеф…

October 5, 2025
БАЛКАН

Планирале атентат врз Вучиќ, по јубилеен 100-пат

Вишиот суд во Краљево им одреди притвор до 30 дена на Д.Р. (50) и М.Р. (42), осомничени дека го планирале…

February 25, 2026
БАЛКАН

Дали Вучиќ се руши по македонско сценарио?

Српската опозиција синоќа одржа протест на кој според проценките учествуваа околу 30.000 луѓе.Се одржа на плоштадот Славија. Иако офијално ова…

December 23, 2024
БАЛКАН

Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

Од рано утрото пред судот и Обвинителство во Нови Сад се собираат на протести граѓани и активисти и ја блокираат…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?