Послаб земјотрес регистриран утринава во северозападниот дел на земјава со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Според информациите на European-Mediterranean Seismological Centre (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 05 часот и 21 минута. Епицентарот бил лоциран на околу девет километри југозападно од Тетово, на длабочина од пет километри.
Станува збор за потрес со слаб интензитет, кој најчесто не предизвикува материјална штета, но може да биде почувствуван од граѓаните во непосредна близина на епицентарот. Засега нема информации за евентуални последици.