Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица
СВЕТ

Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица

Објавено October 28, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Најмалку 22 лица се примени во болница по земјотресот што синоќа беше регистриран на 60 километри југоисточно од градот Баликесир во Турција.

Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, вели дека четири од лицата што биле примени во болница се пуштени дома, а другите 18 се со полесни повреди.

„Четири од нив се отпуштени. Има 18 граѓани кои претрпеле полесни повреди поради паника и скокање од балкони. Нема повреди опасни по живот“,

вели Устаоглу.

Според Устаоглу, има три згради што се уништени, но во нив никој не живеел поради тоа што биле оштетени од претходниот земјотрес.

Тој вели дека во округот Синдирги, во Баликесир, има 75 рурални населби и оти од контактите што ги имал со полицијата, во овие делови немало загинати.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека во Центрите за итни повици биле примени 504 пријави од кои повеќето биле за оштетувања на инфраструктурата.

Тој додава дека спасувачките екипи се на терен и ја проверуваат состојбата на инфраструктурата во погодените области.

Јерликаја вели дека спортските сали, училиштата и џамиите се отворени како засолништа и дека образовниот процес денеска е прекинат.

По земјотресот од 6,1 степен, биле регистрирани и неколку последователни потреси со јачина од 4,2, 3,5, 4 и 3,9 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Украинците објавија снимка од егзекуцијата на синот на озлогласениот руски генерал
Следна Статија Joкиќ со нов трипл-дабл и нов рекорд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон, убиецот е уапсен, извикувал „слобода за Палестина“

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон.…

May 22, 2025
СВЕТ

(Видео) Полицијата во Лос Анџелес погоди новинарка со гумен куршум

Лорен Томаси, дописничка на „Најн њуз“, известуваше од протест во Лос Анџелес кога беше погодена од гумен куршум испукан од…

June 9, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Тенерифе погодено од џиновски бранови: Три лица загинаа, 15 се повредени

Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се…

November 9, 2025
СВЕТ

Според листата на Трамп: 341 лице треба да бидат депортирани во Македонија

Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија. Се појави листата на луѓе кои треба да бидат…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?