Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди
ХРОНИКА

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди

Објавено May 19, 2026 11:02
Сподели
Сподели

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица.

Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија.

Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот.

Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Царинската управа во континуитет спроведува активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење вредна стока, со цел заштита на легалните трговски текови и економските интереси на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Политиката може да биде чесна професија
Следна Статија МВР апелира: Навремено подигнувајте ги готовите лични документи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека…

July 18, 2025
ХРОНИКА

Возач загина во тешка несреќа во Скопско

Вчера во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Булачани, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Штипски „крајслер“ дрифтал по „Партизанска“, полицијата го одзеде

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ноќеска околу 01:00 часот на булеварот „Партизански одреди“…

March 30, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм,…

July 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?