Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
БАЛКАН

„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато

Објавено October 5, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Приморскиот бугарски град Царево од изутрината е под зголемена полициска контрола откако во јавноста се прошири информацијата за исчезнат сеф со 2.000.000 лева и златни прачки, по катастрофалните поплави и силното невреме што викендов ја зафатија Бугарија. Веста, како што пренесуваат буугарските медиуми, предизвика невидена „златна треска“ на јужниот брег на Црното Море.

Властите презедоа строги мерки за ограничување на пристапот до плажите, претворајќи ги во забранета зона за стотици авантуристи кои доаѓаат со надеж дека брзо и лесно ќе се збогатат.

Градоначалникот на општина Царево, Марин Киров, потврди дека банкноти се појавиле на една од плажите по катастрофалните полави, но нивното потекло сè уште не е утврдено.

– Се тврди дека поплавниот бран однел метален сеф од локалната компанија за тешка механизација „Авто Јани“, во кој имало документи за камиони, багери и евентуално пари. Немам информации за тоа што е регистрирано во полицијата, како штета, и дали воопшто е регистрирано. Нема начин со сигурност да се знае дали банкнотите доаѓаат од сефот на оваа компанија, рече градоначалникот.

Тој истакна дека Општина Царево на никаков начин не е вклучена во овој случај. На прашањето дали нуркачи го бараат сефот во морето, Киров објасни дека денеска, додека бил со екипите што спроведуваат превентивни активности за новото невреме што го најавуваат метеоролозите, забележал нуркачи во морето, но не знае со која цел.

Од раните утрински часови, поставени се контролни пунктови на сите влезови во Царево. Полициските патроли темелно проверуваат секој автомобил и не дозволуваат влез во градот на никого кој не може да докаже валидна причина за својата посета. Целта е да се запрат „ловците на богатство“ кои ја запоседнаа плажата во потрага по сефот и златото.

Во обемната операција е вклучена тешка механизација, вклучувајќи багер кој пребарува тони песок и тиња, како и тим професионални нуркачи кои го истражуваат морското дно во близина на брегот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ се мачеше но успеа да го победи Ханфман во Шангај
Следна Статија Мицкоски од Ново Село: Од Филипче не слушнав ниту еден проект, тој е континуитет на Заев кој ја распродаваше Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Трагедија кај Сомбор: Томислав го убил синот единец, па си пресудил на себе

Во семејната куќа во Бездан кај Сомбор, Србија 48-годишен маж со неколку истрели од огнено оружје си го убил синот…

October 18, 2024
БАЛКАН

(Видео) Масовна тепачка во Загреб, се степале доставувачи

Низ социјалните мрежи се прошири видео од масовна тепачка пред Мекдоналдс во Загреб. Конфликтот наводно се случил вчера вечер околу…

October 28, 2024
БАЛКАН

Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како…

November 3, 2024
БАЛКАН

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА: Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени

Грчката влада планира да ги намали пристанишните такси на половина, почнувајќи од 1 мај. Грчкото Министерство за поморски работи и островска…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?