Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија
МАКЕДОНИЈА

Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија

Објавено July 19, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Златен медал за Македонија освои Алексиј Тасиќ, а сребрен – Дамјан Давков на 66. Интернационална олимпијада по математика што се одржува во Саншајн Коуст, Квинсленд во Австралија.

Како што соопшти Сојузот на математичари (СММ), меѓу 630 учесници од 110 држави, Алексиј Тасиќ го освои златниот медал со 35 поени, што претставува само трет златен медал за Македонија во 33-годишното учество на ИМО како независна држава.

Освен златото, македонскиот тим освои и сребро и три пофалници:

  • Дамјан Давков – сребрен медал (30 поени)
  • Ивано Божиновски – пофалница (18 поени)
  • Леонид Тодороски – пофалница (15 поени)
  • Марко Серафимовски – пофалница (14 поени)

Шестчлената репрезентација, во чиј состав беше и Бранко Јангеловски, беше предводена од менторите Илија Јовчески и Мирко Петрушевски, под организација на СММ. Тимот претходно помина едномесечни интензивни подготовки од 11 јуни до 11 јули, вклучувајќи напредни теми од алгебра, комбинаторика, геометрија и теорија на броеви.

Алексиј Тасиќ, кој со златниот медал ја заокружува својата четиригодишна олимписка кариера (со претходно освоени сребро, бронза и пофалница), сега е вториот најуспешен македонски математичар во историјата на ИМО и член на светската математичка елита.

Со освоените поени, Македонија се пласираше на 29 место во вкупниот пласман, зад себе оставајќи голем број поголеми и поподготвени екипи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најголем трансфер во историјата на српскиот фудбал, Арнаутовиќ потпишува за Црвена ѕвезда!
Следна Статија Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква,…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Херојот Јован во посета на Бигорскиот манастир

Јован Костадинов, момчето кое спаси 21 живот од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, е во посета…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?