Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија
МАКЕДОНИЈА

„Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија

Објавено January 2, 2026 11:50
Сподели
Сподели

Веста за страотниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој однесе најмалку 47 животи, ги отвори старите рани во Кочани. Роднините на загинатите во пожарот во „Пулс“, обединети во Здружението „16-ти март 2025“, испратија емотивно писмо до Швајцарската амбасада, изразувајќи длабока солидарност со семејствата на настраданите.

„Ние, семејствата на починатите во пожарот во Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите“, стои во нивната порака.

Тие истакнуваат дека оваа трагедија ги вратила во денот кога нивните животи се поделиле на „пред“ и „по“. „Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана. Стоиме на располагање за сè што можеме да помогнеме — со разбирање и со тивка поддршка“, порачаа од Здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина јасно сигнализира дека нема да отстапи во Латинска Америка
Следна Статија Шефот на Instagram предупредува: Не можете да им верувате на очите во дигиталниот свет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Парично казнети 23 угостители: Вонредни контроли на АХВ кај организаторите на предновогодишни прослави

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова најавува консултации за нов состав и слабостите во системот по колективната оставка во Комисијата за помилување

Комисијата за помилување синоќа си поднесе колективна оставка, која беше експресно прифатена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Оставките следуваат по…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашиот потенцијал е да се развиваме, да бидеме држава преку три паневропски коридори, која ќе биде поврзана со Европа и со светот

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека апсолутно е транспарентен начинот на кој се објавуваат вестите поврзани со стратешкото партнерство со Велика…

June 12, 2025
ЗАБАВА

„Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“, емотивна објава на гитаристот Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“

Горан Тонев, гитарист на групата „ДНК“ и еден од преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес преку социјалните…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?