Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Парично казнети 23 угостители: Вонредни контроли на АХВ кај организаторите на предновогодишни прослави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Парично казнети 23 угостители: Вонредни контроли на АХВ кај организаторите на предновогодишни прослави
МАКЕДОНИЈА

Парично казнети 23 угостители: Вонредни контроли на АХВ кај организаторите на предновогодишни прослави

Објавено December 29, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли.

Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица.

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра
Следна Статија На авион на „Ер Канада“ му се запали моторот при слетување (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Грција испрати два канадери за гаснење на пожарот кај Дојран

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски во Анталија: Вложувањето во младите е директна инвестиција во иднината на регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на…

April 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кардел со порака да се искористи моментумот за членство во ЕУ, Милошоски забележа дека истата фраза ја слушаме 20 години

Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?