Градоначалникот на СДСМ од Центар, Горан Герасимовски, човекот кој сака да се претстави како чесен, скромен, невин и наивен градоначалник, зад себе остави хаос, безредие и дивоградби, велат од движењето ЗНАМ.
Ова е второто лице на Герасимовски – лицето на човек кој е спремен да ги гази законите, да ги злоупотребува институциите и да ја претвори општината во сервис за партиски и лични интереси. Во неговиот мандат дивоградбите не беа искоренети,тие се умножија. И најстрашно од сè, врзани се со луѓе блиски до неговата партија, СДСМ. Наместо да биде пример, општината стана најголем прекршител на законот. Го прашуваме градоначалникот на ма Центар од СДСМ, Герасимовски: Дали Газменд Максимовски, вработен во Општина Центар со договор за дело и воедно кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на ул. Самоилова? Дали тоа е истиот Герасимовски кој пред јавноста бараше измени на Законот за градење и заплена на дивоградбите, а зад кулиси му овозможувал на свој човек бесправно да гради? Дали тоа не е најјасен доказ дека сите негови настапи беа само евтин пи-ар, театар за јавноста и голема измама за граѓаните на Општина Центар?“, прашуваат од ЗНАМ.
Додека секој граѓанин мора да ги почитува процедурите, да поднесува документи, да чека дозволи и да плаќа општински давачки, велат од таму, луѓето на СДСМ имаат привилегии.
„Тие се изземени од законот, тие можат да градат како сакаат, затоа што имаат зелено светло од Герасимовски. Ова не е само лицемерие“, велат од ЗНАМ.