Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ се жали: Стоилковиќ се однесува нехумано кон 76 вработени – сите Албанци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ се жали: Стоилковиќ се однесува нехумано кон 76 вработени – сите Албанци
ПОЛИТИКА

ДУИ се жали: Стоилковиќ се однесува нехумано кон 76 вработени – сите Албанци

Објавено December 27, 2025 16:27
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција најостро и без никакви резерви го осудува нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци, кои се повикани на работа и затворени во канцеларии без минимални човечки услови и без никакви работни задачи, стои во соопштението на ДУИ.

Сместувањето на десетици жени и мажи во три канцеларии, без столчиња, без работни маси, без компјутери, без елементарни средства и без каков било професионален ангажман, при што се принудени да стојат од 08:00 до 16:00 часот, претставува отворена форма на институционален мобинг и психолошка тортура.

Фактот дека овие вработени, за да го преживеат работниот ден, биле принудени да импровизираат седејќи на подот и носејќи ќебиња од дома, претставува државен срам кој го нарушува човечкото достоинство и ги крши сите законски, морални и европски стандарди.

Уште потешко е однесувањето по овој чин. Наместо институциите да преземат одговорност за нечовечките услови што ги создале, снимките од оваа состојба беа јавно злоупотребени за морален линч, додека Премиерот отиде дотаму што ги обвини овие вработени за „аморалитет“.

Станува збор за Албанки, за мајки, за сестри и сопруги, кои беа понижени од сопствената држава, а потоа и јавно нападнати од страна на првиот човек на Владата. Ова е премината црвена линија и не смее да се релативизира, оправдува или премолчува. Дополнително, во врска со овие настани се напаѓа и ДУИ, иако станува збор за државни службеници, на кои токму државата е должна да им обезбеди достоинствени услови и третман.

Премиерот има морална и политичка обврска веднаш јавно да им се извини на овие жени, на нивните семејства и на целата албанска заедница за навредливиот јазик и за легитимирањето на практика која потсетува на најмрачните методи на институционална дискриминација.

ДУИ бара целосна политичка и административна одговорност за овој скандал, итен прекин на овој нечовечки третман и враќање на нормални и достоинствени услови за работа за сите вработени.

Државните институции не смеат да се претворат во простори за колективно казнување врз етничка основа. Човечкото достоинство не е привилегија, туку основно право кое не се преговара., велат од ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, радост за децата на припадниците на Армијата
Следна Статија Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Милошоски: Доколку не постоеше поддршката од ДУИ кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг, Филипче немаше да биде министер

На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од…

December 22, 2024
ПОЛИТИКА

Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ се осврна…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски ги предупреди функционерите: Не заборавајте од каде доаѓате, удобните фотељи ќе ги замените со клупа пред кооперација

Во својот говор на 35-иот роденден на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Христијан Мицкоски упати порака до сите државни и локални функционери во…

June 18, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара да се прошири истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прашува до каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници. Опозициската партија…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?