Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник
ХРОНИКА

Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник

Објавено December 27, 2025 16:29
Сподели
Сподели

Четириесет и шестгодишен кавадарчанец е осуден на една година затвор затоа што со автомобил удрил во полициски службеник кој сакал да го легитимира.

На 21 декември по полноќ, со возило „фолксваген“ обвинетиот не запрел на даден знак од полициските службеници, а кога на една од крстосниците во градот бил опколен од две полициски возила за да го запрат, сакал да прегази полициски службеник. Полицаецот излегол од службениот автомобил за да го легитимира и во тој момент осомничениот се залетал кон него со возилото со голема брзина, го удрил во стомакот и левата нога, а потоа удрил и во полициската кола, по што продолжил да вози. Полицаецот од ударот се здобил со неколку телесни повреди.

Осомничениот бил приведен на 25 декември и следниот ден бил изведен пред судија каде го признал делото. Судот во Кавадарци изрече пресуда со која го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата одлучи обвинетиот да биде обезбеден со мерка притвор поради опасност од бегство и можноста да го повтори делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ се жали: Стоилковиќ се однесува нехумано кон 76 вработени – сите Албанци
Следна Статија Во 21 век во Лерин Македонците можат да свират, но не и да пеат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот

Нема мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Основниот суд во Битола…

October 10, 2025
ХРОНИКА

Охриѓанка го нападнала својот сопруг

На 29.11.2025 година во 16:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.Ц. од Охрид, во семејниот дом, физички го…

November 30, 2025
ХРОНИКА

Mаж од Тетово живеел со 15-годишно девојче, не ѝ давал да зборува со родителите, мајката го пријави

Случај со малолетничка во Тетово завршил со полициска интервенција и апсење на 32-годишен маж. Мајка пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка…

March 8, 2026
ХРОНИКА

Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?