Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНАМ – За наша Македонија: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЗНАМ – За наша Македонија: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

ЗНАМ – За наша Македонија: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

Објавено April 7, 2025 09:39
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информираше дека владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

„ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара со премиерот, како и во работната група во која учествува како политички субјект и таму се разговара, преговара и се усогласуваат политиките. Истовремено се следи реализацијата на владината програма и основните принципи и начела врз кои почива договорот за поддршка на владината програма“ соопштија од движењето.

Велат дека „Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија на локалните избори, како што е веќе најавено, ќе настапи со свои кандидатски листи за советници“.

„Во однос на градоначалничките места се преговара со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите. Што се однесува до Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има свој кандидат за градоначалник. Партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место“ стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на биткоинот нагло падна
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски,…

November 20, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Мали Фрчко – новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Нереформираната СДС на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на…

December 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?