Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинар
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинар

Објавено September 2, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) со сериозна загриженост ги следат информациите поврзани со можни случаи на незаконско следење на новинари и медиумски работници во периодот 2019–2024 година, за што јавноста беше информирана неодамна преку брифинг за новинари од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Дополнително, премиерот како и директорот на АНБ во понеделникот јавно упатија повик до Јавното обвинителство да реагира и да го расчисти случајот за овие наводи, се наведува во заедничкото соопштение на ЗНМ и ССНМ.

Сметаме дека секое незаконско следење на комуникации може да претставува сериозна закана за слободата на медиумите и за правото на јавноста да биде информирана. Воедно потсетуваме дека и новата регулатива на Европскиот парламент, Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA), јасно забранува какво било незаконско следење на новинари и предвидува обврска на државите членки и земјите кандидати да обезбедат ефективна заштита од вакви практики. Ваквите случаи, доколку се основани, оставаат чувство на несигурност меѓу новинарите и ја нарушуваат довербата во институциите. Од тие причини, повикуваме надлежните органи да постапуваат итно и исклучиво врз основа на закон со цел да овозможат целосна транспарентност и отчетност во интерес на јавноста. Очекуваме обвинителството и судството да постапат одговорно и без одлагање, со цел да ја заштитат слободата на медиумите и да обезбедат правна сигурност за сите новинари и медиумски работници во земјата. Истовремено, бараме од политичките партии и носителите на високи јавни функции да се воздржат од изјави и меѓусебни пресметки, во кои користат новинарски имиња бидејќи со тоа можат да ја продлабочат поларизацијата во општеството и да поттикнат говор на омраза насочен кон новинарите, велат тие.

„Потсетуваме дека скандалот со масовното незаконско прислушување од 2015 година, кога беше објавено дека биле нелегално следени комуникациите на илјадници граѓани, меѓу кои и на голем број новинари, сè уште нема добиено соодветна судска разрешница и покрај напорите на еснафските новинарски здруженија. Речиси десет години подоцна, дел од постапките се одолговлекуваат или завршуваат без правосилни пресуди, а новинарите кои беа директно погодени сè уште ја чекаат правдата. Ова уште еднаш ја потврдува потребата институциите да дејствуваат итно, независно и без политички влијанија. ЗНМ и ССНМ остануваат подготвени да обезбедат правна помош и поддршка за сите евентуално оштетени новинари или оние чии права биле прекршени. За развојот на овој случај ќе биде информирана и Европската федерација на новинари (EFJ), каде што двете организации се полноправни членки“, се наведува во заедничкото соопштение на ЗНМ и ССНМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетник со тротинет прегази старец на вело-патека во Скопје
Следна Статија Ново рочиште на 15 септември: Одбиен предлогот за спојување на постапките во „Адитив“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО)Трибина: Локални и глобални предизвици од младинско значење

https://www.youtube.com/watch?v=agyVEe0Ap2k  

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, а дел од граѓаните се уште добиваат изводи издадени на машина за пишување

Државниот завод за ревизија укажува дека се уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги  и покрај тоа што започнала…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од септември за прв пат образовни асистенти ќе има и во основните и во средните училишта

Во новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има не само основните, туку и во средните училишта, за…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?