Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Марш за ангелите“ денеска во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Марш за ангелите“ денеска во Скопје
МАКЕДОНИЈА

„Марш за ангелите“ денеска во Скопје

Објавено November 15, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Денес, 15 ноември, во Скопје ќе се одржи „Марш за ангелите“ – протестен марш во знак на почит кон 63-те млади луѓе кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде учесниците ќе се упатат кон Собранието, а завршницата ќе биде пред Основниот кривичен суд.

Ова е прв марш во главниот град организиран од граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, по неколкунеделните саботни собири што ги организираа родителите во Кочани. Нивната порака и натаму силно одекнува: „Не сакаме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите. Ни треба вашата поддршка“. Родителите се надеваат на масовно присуство, нагласувајќи дека нема да се откажат сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата.

Организаторите апелираат до јавноста:

„Дојдете и бидете со нас. Секоја поддршка значи сила, секој човек е важен. Да застанеме заедно и да покажеме дека болката не нè скршила, а борбата за вистинска правда продолжува.“

Во меѓувреме, Кривичниот суд, Обвинителството и Адвокатската комора најавија дека ќе преземат сите неопходни мерки за непречено и ефикасно спроведување на судењето за случајот „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Првото рочиште е закажано за 19 ноември. Според обвинението, за тешки кривични дела против јавната безбедност се товарат 34 физички и 3 правни лица. Судењето ќе го води тим од околу 15 обвинители, соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Стоилев разрешен од партиската функција
Следна Статија Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Го славиме Соборот на Пресвета Богородица, се посетуваат роднини и пријатели, се веселиме за вториот ден Божик

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица. На вториот…

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проектот „Безбеден град“ има за цел да спасува човечки животи, погрешно е што одредени политичари се обидуваат да го етнизираат

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Васко Саздовски, Македонецот кој загина во несреќата кај железничката станица, работел како професор на Институтот за роботика во Нови Сад

„Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините,…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше универзитетскиот професор Владимир Божиновски кој дискутираше за обраќањето на еврокомесарката за проширување Марта…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?