Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зошто ни се приспива околу 14 часот?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Зошто ни се приспива околу 14 часот?
ЗДРАВЈЕ

Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Објавено June 23, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба за уште една шолја кафе, голема е веројатноста дека сте жртва на класичниот попладневен пад на енергијата. Без разлика колку добро сте спиеле, чувството на замор во тоа време често е неизбежно.

Но, наместо тоа време само да го „протуркате“ со уште едно кафе, можеби постои попаметен начин да се разбудите и да си го вратите фокусот – и тоа без кофеин.

Познатиот тренер за помнење, Џим Квик, предлага едноставен трик, направете кратка пауза за мозокот. Таа вклучува три едноставни чекори: помрднете го телото, хидрирајте се, дишете длабоко.

Нема потреба да го форсирате умот да се фокусира кога телото ви кажува да забавите. Кратка пауза која ќе ги задоволи основните потреби на мозокот може да направи голема разлика.

Мозокот сочинува само 2% од тежината на телото, но троши дури 20% од вкупната енергија, истакнува Квик. Затоа му е потребно редовно „дополување“.

Тоа не значи дека треба целосно да се откажете од кафе или додатоци во исхраната – но подобро е да ги комбинирате со ваква пауза околу 14 часот: прошетајте, направете лесно истегнување, отворете прозорец и вдишете длабоко, пренесува Индекс.

Еве неколку предлози кои Квик ги препорачува:

  • Помрднете се: Кратка прошетка, неколку јога пози, истегнување или дури малку танцување.
  • Испијте вода: Чаша обична вода, чај, вода со лимон или електролити.
  • Дишете: Неколку минути свесно дишење, отворете прозорец или медитирајте.

Ако знаете дека секој ден околу исто време чувствувате замор, испланирајте ваква пауза однапред – на пример, заедно со паузата за ручек.

Уморниот мозок е бавен, непрецизен и помалку ефикасен. Кратката пауза може да ве „ресетира“, да ви ја врати енергијата и да ви помогне да го завршите остатокот од денот побрзо и со помалку стрес. Затоа, следниот пат кога ќе посегнете по третото кафе – обидете се најпрво со мини-пауза за мозокот. Можеби ќе ве разбуди повеќе од кофеинот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уништувач на бункери: Tрамп го нападна Иран со „бомба на сите бомби“
Следна Статија (ВИДЕО) Дали е ова највкусниот сос на светот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Потресно сведоштво за секојдневната голгота на струмичанката Вања Андонова на Онкологија: „Се лечиме во странство, а вие уште крадете – Засрамете се сите без разлика на партија“

Еден ден поминат на Онкологија во Скопје открива повеќе од тешкотиите на самата болест. Тоа е приказна за неизвесност, чекање…

February 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан, покажа американска истрага

Комитетот на Претставничкиот дом предводен од републиканците, кој ги истражува широките аспекти на пандемијата „Ковид-19“ и неговото влијание во САД,…

December 3, 2024
ЗДРАВЈЕ

Таравари за случајот со Ведат Адеми: Предложивме одземање на лиценцата на лекарот што бил на дежурство

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информира дека Министерството до Лекарската комора предложила одмзеање на лиценцата на лекарот што таа…

April 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?