Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство

Објавено March 16, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на друго место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој информираше дека ќе дојдат и странски експерти за изгореници, меѓу кои и од Израел, а имале понуди за помош и од центри за изгореници од Холандија, Италија и Белгија.

Бидејќи станува збор за опекотини што може да се комплицираат, наредните денови конзилиумот на доктори сметаше дека е добро да се направи место во Скопје за сите пациенти, а најкритичните да се испратат во странство. Тоа што прво тргна оттука од Клинички центар, се три пациенти за болницата Папаниколау во Солун. Голема благодарност и на дипломатите и на лекарите кои овозможија без транспорт, подвлече Клековски.

Пристигнал и авионот од Бугарија, за таму имало осум пациенти, пет покритични и три помалку критични. Со две српски возила за брза помош, кои биле дојдени во Стара градска, ќе биле пренесени пациенти во Ниш. Од Белград требало да пристигнат три возила и авион од Турција, за исто така да пренесат пациенти.

Во „Систина“ имало еден пациент, во „Жан Митрев“ три, на сопствено барање од пациентите. Двете болници ги дале петте возила со интензивна нега на располагање, за транспорт на пациентите.

Министерот за здравство, Арбен Таравари истакна дека повредените пациенти се згрижени, во стабилна и релативно добра состојба, надвор од животна опасност, на Хируршки клиники во моментов имало 25 пациенти, по 24 во Градска хирургија и болницата „8 Септември“, 31 во Штип и 13 во Кочани, или вкупно 117 пациенти. Во меѓувреме, 13 пациенти биле испратени надвор од државата на лекување, за евентуално да нема компликации во тие случаи.

Таравари јавно се заблагодари на повеќето министри за здравство од регионот и подалеку, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Унгарија, Турција и други. По неколку од пациентите ќе биле лекувани во Грција, Бугарија, Турција, Србија.

Се надевам дека нема да има дополнителни компликации во здравјето на тие што ја преживеаја оваа трагична ситуација, нагласи Таравари.

На новинарско прашање, тој појасни дека критични биле околу 20 пациенти.

Се потрудивме да ги однесеме, откако ни се понудија во здравствени установи во Солун, Белград, Турција, Софија. Досега 13 се испратени. Другите остануваат тука. Се заблагодарувам на целиот медицински персонал за солидарноста, нагласи министерот.

Таравари рече дека будно се следи состојбата и навремено и соодветно се реагирало, здравствени работници и лекови имало доволно. Реално, не очекувале дополнителни компликации. Околу четири лица се лекувале во приватни установи, на сопствено барање.

Министерот потврди дека и до него имало прашања од загрижени, кои се уште не знаеле што се случило со нивни блиски.

Телата што не се идентификувани, тоа е веќе работа на Министерството на внатрешни работи, одговори тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски до граѓаните: Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Истражување тврди дека оваа едноставна промена во секојдневната исхрана го намалува ризикот од смрт за 17 проценти

Замената на дневниот внес на путер со одредени растителни масла, како што е маслиновото масло, може да помогне да се…

March 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Двајца млади скопјани со мајмунски сипаници: Случаите не се поврзани, не патувале надвор од државата, едниот хоспитализиран

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ нареди уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980…

February 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Акушерки од Македонија совладуваа напредни вештини за природно породување во Грција

Програмата на англиски јазик за доживотно учење „Advanced Clinical Skills in Labour and Childbirth“, што ја реализира Центарот за едукација…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?