Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари
ЗДРАВЈЕ

Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари

Објавено April 11, 2026 19:12
Сподели
Сподели

Пациентите со дијабетес повторно алармираат за недостиг на глукомери, ленти и сензори, проблем што, според Здружението на дијабетичари, трае веќе неколку недели.

Пациентите со дијабетес во земјава и натаму се соочуваат со недостиг на основна опрема за следење на болеста, и покрај тоа што на проблемот беше укажано пред неколку недели.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија велат дека ситуацијата не е надмината, а најпогодени се децата и младите пациенти.

„Пациентите со дијабетес во Македонија последните седмици се соочуваат со сериозен проблем на недостаток на антидијабетна терапија. За новите и постојните пациенти има инсулин. За тип 1 нема сензори, нема глукомери. Апелирам до Министерството за здравство после празниците да се надополни количината, да стигне до сите пациенти. Посебно да се забрза дистрибуцијата на лентите, сензорите и глукомерите за децата и младите“, изјави претседателот на СЗДМ, Димче Велев.

Според податоците, околу 40.000 луѓе во земјата користат антидијабетна терапија, додека вкупно се регистрирани околу 140.000 лица со дијабетес. Од нив, околу 4.000 се со тип 1, кај кои е неопходно редовно и континуирано следење на нивото на гликемија.

Од Министерството за здравство информираат дека дел од опремата веќе е доставена до аптеките.

„Од минатиот месец, во сите инсулински аптеки се доставени најсовремени глукомери и ленти за мерење гликемија. За сензорите за континуирано следење гликемија во тек е јавна набавка и обезбедена е дополнителна количина за 150 пациенти, па по завршувањето на јавната набавка тие ќе бидат достапни за 800 пациенти. Согласно законските процедури за јавна набавка, во моментот течат административните рокови за жалба“, соопштија од Министерството.

Недостигот на антидијабетна опрема, според пациентските организации, се јавува речиси редовно во првите месеци од годината. Причините најчесто се поврзуваат со доцнење во постапките за јавни набавки и со планирањето на количините.

И додека институциите уверуваат дека процесите се во тек, пациентите очекуваат побрза дистрибуција, особено на средствата за секојдневна контрола на болеста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавени условите на Иран за договор со САД
Следна Статија Македонија со второ најголемо поскапување на јајцата во Европа пред Велигден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по враќањето на поголемиот број повредени од болниците во…

May 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo

Подигнување на свеста за менталното здравје, односно да се доближиме до народот. Тоа е причината зошто сме на отворено, а…

October 10, 2025
BlogЗДРАВЈЕ

Зошто е важно навечер пред спиење да се напиете чаша вода

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
ЗДРАВЈЕ

Ќе се набавуваат 100 нови модерно опремени амбуланти возила

Амбулнтни возила, ќе набавува Владата во следниот период, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање со оглед дека…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?