Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановска за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на виделина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ивановска за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на виделина
МАКЕДОНИЈА

Ивановска за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на виделина

Објавено April 25, 2025 10:17
Сподели
Сподели

Собранието е институцијата која ги избира членовите во Државната комисија за спречување корупција, и очигледно тоа треба да спроведува поголем надзор врз овие независни тела, оцени поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска откако вчера претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, која е осомничена во случајот АДИТИВ.

– Не знам и не можам да коментирам во која насока се одвива истрагата, меѓутоа, мене ми е многу тешко и за институцијата, за реномето на институцијата којашто, навистина, знаете колку многу труд вложивме за да го изградиме, за да ја изградиме довербата кај граѓаните, дека еве, има една независна институција во која можат да се обратат, да дадат претставки, да поднесат предмети. Во секој случај, ќе кажам дека е многу, многу непријатно чувство. Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на површина, не сакам ништо да прејудицирам, но како и да е, во секој случај Собранието сега е тоа коешто ги избира кандидатите за членови на комисијата, мислам дека треба да го зајакне својот надзор врз работењето на овие независни тела – рече Ивановска во вчерашното гостување на телевизија Телма.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која според соопштението на Обвинителството е третоосомничена во случајот, на товар ѝсе става дека преку апликации за пораки му оддавала службени тајни на друг обвинет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тетовец жртва на измама: Злоупотреба на лични податоци му ја одзеде социјалната помош
Следна Статија Вучиќ: „Шарените“ потрошиле 20 милиони евра само за храна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Стратешкиот дијалог, НАТО-соработката и трговскиот договор со САД

Министерот Муцунски во интервју за Сител ТВ од Њујорк говореше за билатералните односи со САД, втората сесија од стратешкиот дијалог…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Парично казнети 23 угостители: Вонредни контроли на АХВ кај организаторите на предновогодишни прослави

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката

Уставниот суд информира дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната

-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?