Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат
ПОЛИТИКА

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

Објавено October 25, 2025 14:07
Сподели
Сподели

.

Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг, денеска, на прес-конференција заедно со избраните советници од граѓанските иницијативи обединети во платформата „Независни заедно“.

Кој и да победи во вториот круг на локалните избори, Ивановска посочи дека треба да носи одлуки во полза на сите, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес. Победникот, рече, треба да го заштити уставното право на граѓаните за здрава животна средина, како и нивното активно учество во креирање и донесување на одлуки.

– Голем број граѓани препознаа вредности и без особени кампањи, затоа што тоа се свесни граѓани кои наместо секојдневно да негодуваат за проблеми, преземаат акција за промени, преземаат одговорност за својот живот … Кој и да победи, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес, треба да носи одлуки во полза на сите и да го заштити уставно загарантираното право за здрава животна средина и активното учество на граѓаните во креирањето и донесувањето на одлуките, рече Ивановска.

Охрабрува фактот, вели, што Центар има критичка маса која што не размислува по партиска шема. Граѓаните се свесни дека промените треба сами да ги направат, рече Ивановска, додека „системот е крив само тогаш кога граѓаните се неми и беспомошни набљудувачи на корупцијата, урбаниот хаос, ѓубрето и тн“.

Ивановска додаде дека граѓаните очекуваат одговорни политики и транспарентност во одлуките на локалната власт, укажувајќи на потребата од ревизија и усогласување на Деталните урбанистички планови со Генералниот урбанистички план.

– Укажуваме дека е неопходно да се ревидираат, изменат и дополнат Деталните урбанистички планови, кои не се во согласност со Генералниот урбанистички план. Да не се издаваат дозволи за градба врз основа на Детални урбанистички планови, чии параметри, на пример густина на население, се поголеми од предвидените во Генералниот план. Издадените дозволи да бидат јавно објавени на мапата која што „Шанса за Центар“ доброволно ја направи и ќе ја стави на располагање на Општината, која што ќе треба само да ја одржува. Ние направивме мапа и во моментот има над 150 градби во општина Центар, посочи Ивановска.

Ивановска, посочи и на потребата од итни мерки за безбедноста и здравјето на учениците, меѓу кои обезбедување безбедни училишни коридори и воведување редовна физичка активност или пливање за секое дете, особено за оние во социјален ризик. Таа нагласи и дека треба да се преземат мерки за заштита од климатски промени и зачувување на зеленилото, предупредувајќи на последиците од уништувањето на Водно и урбанизацијата околу Вардар.

– Јавно ги повикувам кандидатите да се обврзат дека овие мерки ќе ги применуваат. Нашите советници ќе делуваат конструктивно, ќе соработуваат за сите проекти од интерес на граѓаните, но ќе бидат и гласни критичари за сите сомнителни одлуки, нагласи Ивановска.

Поради нееднаквите услови во изборниот процес, носителката на советничката листа на Град Скопје од „Независни заедно“, Јана Белчева – Андреевска, најави дека платформата ќе продолжи со собирање потписи за нејзина регистрација како граѓанско-политичко здружение.

– Поради нееднаквите услови со кои се соочивме во текот на изборниот процес, поради сите сопки и препреки во последен момент кои што се изнајдоа за учество на граѓаните активно да бидат чинители и креатори на политиката и да учествуваат како независни кандидати и независни листи, поради сета демонизација на противници и поради намалување на демократијата во државата, ние одлучуваме понатаму да продолжиме со собирање на потписи и со регистрирање на граѓанско-политичката платформа „Независни заедно“, изјави Белчева – Андреевска.

Таа ги повика сите независни групи низ земјата да се приклучат кон иницијативата.

– Воедно, сакам да ги повикам сите независни групи низ цела Македонија кои сакаат да бидат дел од оваа платформа на децентрализирано поставени јадра кои ќе делуваат во своите локални средини, но ќе имаат еден сигурен чадор за понатамошен настап на изборите, кои ќе бидат едно јадро на демократски процеси кои ќе почнат полека, но сигурно да го рушат монолитот на политичките партии кои не сакаат да се откажат од позициите на моќ кои ги задржуваат, кои ние гледаме дека не работат во корист на граѓаните. Само вака здружени граѓаните ќе можат полесно да се изборат и да го напукнат монолитот и да го запрат ова 30-годишно опустошување на државата, порача Белчева – Андреевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен кралот на фентанилот и еден од најбараните бегалци во светот
Следна Статија Дејан Манасков се повлекува од репрезентацијата поради нарушени односи со Лазаров!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Верувале или не? Касами го истакна македонското знаме

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вчера имаше средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Забележително беше што на средбата го…

March 2, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Обраќајќи се синоќа пред граѓаните во Чаир, Османи рече дека последниот бран синхронизирани изјави дека „нема да има предвремени избори“…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 46,65 отсто

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. Последниот одзив е…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Жарко Ристески, кандидат за…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?