Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановски: Новата пруга ќе ја пуштиме во употреба со нови возови и реконструирани железнички станици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ивановски: Новата пруга ќе ја пуштиме во употреба со нови возови и реконструирани железнички станици
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Новата пруга ќе ја пуштиме во употреба со нови возови и реконструирани железнички станици

Објавено June 6, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Новата брза пруга ќе почне да се гради оваа есен или зима и ќе биде готова за пет години од почетокот на градежните работи, откри првиот човек на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, ексклузивно за НАТКАСТ на КУРИР.

Тој потенцира дека новата пруга ќе биде пуштена во употреба со нови возови, целосно модернизирана железничка станица во Скопје и реконструирани железнички станици низ цела Македонија.

Кога имаш чест да склучиш договор за стратешко партнерство со држава како Велика Британија, како држава веќе сме го дигнале стандардот во сите области и ќе си ги следиме британските стандарди и европските стандарди. На таков квалитет на градби, на таков квалитет на проектирање на пруги и сè можно, ние мора тоа да го следиме и со возови, локомотиви кои што ќе ги исполнуваат тие стандарди. За таа цел, другото јавно претпријатие МЖ Транспорт веќе сериозно го работат ова и припремаат полека возен парк, прават припремни истражувања на пазарот, за утре-ден при самото пуштање на пругата, да ја пуштиме со нови возови. Не само со нови возови, да ја пуштиме со целосно реконструирана и модернизирана централна железничка станица во Скопје. Ние ако имаме нова пруга и нови возови, а ја имаме моменталната состојба на станицата, не сме ја завршиле домашната задача. Овој проект мора да биде сведен на високо ниво, со сите реконструирани станици во државата, со огромна безбедност во сообраќајот, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пензионер со моторна пила пресекол бандера за струја во Македонска Каменица
Следна Статија Апликациите за запознавање се опасни по живот- во Мексико ги користат за киднапирање Американци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Хотелиерите во Охрид, Преспа и Дојран во август инкасирале најмалку 25 милиони евра

Оваа година хотелиерите и угостителите во земјава се задоволни од летната туристичка сезона. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство

„Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната…

July 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесувале 4.843,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски

Компаниите од земјава кои се дел од странски корпорации, а остваруваат приход над 10, а профит поголем од 1 милион…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?