Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановски: Секогаш достоинствено ги бранам боите на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ивановски: Секогаш достоинствено ги бранам боите на Македонија
СПОРТ

Ивановски: Секогаш достоинствено ги бранам боите на Македонија

Објавено October 5, 2025 15:38
Сподели
Сподели

„Уживајте во денот“, порача македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од победничкиот пиедестал на кој се искачи откако денеска победи на 21 издание на Виз ер скопски маратон.

Ивановски го повтори успехот на Скопскиот маратон од 2021 година, а до својата втората победа низ улиците на Скопје дојде со фуриозен финиш во завршните два километри во кои го презеде водството од Кениецот Џулиус Кипкоеч, минувајќи прв низ целта со предност од 30 секунди.

„Македонци мои, оваа победа беше само за вас. Немам зборови со кои можам да ви го опишам чувството. Целиот мој живот сум се гледав себеси како победник на овој маратон. Секогаш најважно е од сè ми е достоинствено да ги бранам боите на нашата држава, на нашата прекрасна Македонија. Време беше да покажеме дека и од Македонија има таленти. Уживајте во денот“, порача најдобриот македонски маратонец.

На годинешното издание на Виз ер скопски маратон учествуваа рекорден број од 14.010 натпреварувачи во четири дисциплини – маратон, полумаратон (21 км), трка на 5 км и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
Следна Статија Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбол на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Челси го доби градското дерби против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи во последниот натпревар од 30. коло на Премиер лигата го совладаа градскиот ривал Тотенхем со резултат 1:0.…

April 4, 2025
СПОРТ

Лина Ѓорческа поразена во првото коло на турнирот во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа…

July 13, 2026
СПОРТ

Ѓоковиќ призна дека сè уште има траума од Австралија: Нема да ве лажам…

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ немаше најдобар старт на годината, кој изненадувачки беше поразен од Рајли Опелка во четвртфиналето на турнирот…

January 6, 2025
СПОРТ

Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на трката за Големата награда на САД што се возеше во Остин, откако…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?