Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот

Објавено October 5, 2025 15:35
Сподели
Сподели

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш по изборите.

-Денес сме во Ѓорче Петров, една од општините која секојдневно го носи товарот на голем сообраќаен метеж, рече тој, најавувајќи дека почетниот проект ќе биде изградба на модерен кружен тек меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот Македонска војска што, според него, ќе донесе повеќе безбедност, помалку метеж и подобра мобилност на целиот западен влез од градот.

Во неговата визија за Скопје која носи концепт за нулта сообраќајни несреќи се планирани редизајнирање на 50 критични крстосници и улици.

-Планираме до 2030 година да редизајнираме 50 критични крстосници и улици по европски срандарди да создадеме град во кој сите учесници во сообраќајот ќе се движат без страв и ќе се чувствуваат пред се безбедно, истакна Ѓорѓиевски.

Најави и други важни инфраструктурни проекти, како што е „проектирaно поврзување на улицата „Лука Геров“ со патот за Економија, што, според него, ќе го растовари сообраќајот, ќе осигура безбеден премин преку пругата и ќе ги поврзе населбите „Даме Груев“ и Стопански двор во една функционална целина.

За Волково рече дека ќе добие улица по европски стандарди со безбедни тротоари и модерна инфраструктура достојна за сите наши граѓани.

-Во тек е и проектирање на улицата „Веле Марков“ која ќе се поврзе со булеварот Македонска војска и ќе биде вистинска комуникациска врска што ќе го растовари локалниот метеж. Дополнително, ќе се гради и улицата „Шарпланинска“ со модерна инфраструктура, одводнување, осветлување и зеленило, за да им се овозможи директно поврзување на населбата Даме Груев со главните сообраќајни коридори, истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави изградба на нов и модерен објект за средното училиште „Кочо Рацин“ и решение за проблемите со водоснабдувањето.

-Ѓорче Петров ќе добие нов резервоар и пумпна станица на Оризарски рид, што ќе обезбеди стабилно и сигурно водоснабдување што ќе служи за генерациите кои доаѓаат после нас, нагласи Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Ивановски: Секогаш достоинствено ги бранам боите на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Се укинува ресорот за добро владеење во Владата

Заменик-претседател за добро владеење повеќе нема да постои како ресор во Владата, туку тоа портфолио отсега ќе биде директно под…

June 30, 2026
ПОЛИТИКА

Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

Демократската унија за интеграција не можејќи да се помири што по повеќе од 20 години отиде во опозиција, продолжува со…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?