Маж од Австрија освоил 250 милиони евра на лотаријата EuroMillions.
Како што соопшти синоќа Австриската лотарија, победничкиот играч со влог од 10 евра ги поклопил сите седум броеви.
И претходната рекордна добивка исто така беше на Австриец. Во декември 2023 година, самиот играч го освои евроџекпотот, кој во тоа време изнесуваше 240 милиони евра. По оваа победа, играчот остана анонимен и никогаш не беа објавени детали за него”, објави Хојте.
Со слоганот „Стани побогат од богатите“ во 2004 година беше лансирана европската лотарија „EuroMillions“ во земјите учеснички Франција, Шпанија, Велика Британија, Австрија, Белгија, Ирска, Луксембург, Португалија и Швајцарија, пренесува Танјуг.
Во врска со оваа победа, играчот ќе има префрлени 250 милиони евра на сметката по истекот на четиринеделниот рок за жалба.