Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
МАКЕДОНИЈА

Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана

Објавено May 2, 2025 09:58
Сподели
Сподели

Месната заедница Галичник објавува дека се избрани овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025 – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска!

Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи.

Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата.

Зетот и Невестата – Симбол на Љубовта и Традицијата

Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма. Зетот и невестата не се само млад пар – тие се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост.

Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник.

Манукот ја носи гордоста на предците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник.

Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее.

Да се ќердосает, од небо да им врне од земја да им никне!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Еве за колку се намалија во март
Следна Статија Субвенции за струја побарале 745 домаќинства – во јуни ќе се знае кои од нив ќе добие по 1000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

Со линеарното зголемување од 2500 денари, најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски по средбите во Брисел: Ултиматуми не прифаќаме

Македонската влада останува фокусирана на реформи, на обезбедување подобар живот на граѓаните, и нормално наша главна цел е обезбедување полноправно…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите

Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

Министерот за правда, Игор Филков одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?