Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат
ЗДРАВЈЕ

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Објавено October 2, 2025 18:10
Сподели
Сподели

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по скандалозните тврдења на кардиологот Сашко Кедев дека во земјата за пари се прават операции на срце и кај пациенти што немаат медицинска потреба. Домашниот експертски тим веќе завршил со разгледување на првите осум случаи што стигнаа во Министерството за здравство, но министерот Азир Алиу вели дека сѐ додека не заврши целиот процес, нема да објавува детали.

„Завршени се осум предмети, кои беа првично архивирани кај нас како Министерство за здравство. Имаме уште пет нови случаи, кои се работат. Нема да известиме ништо сѐ додека извештајот не е конечен, сѐ додека не завршат сите случаи. Кога ќе завршат сите анализи, и административни и клинички, тогаш тој конечен извештај ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Министерството. Странските експерти во оваа фаза сѐ уште не се вклучени. Нема да се вклучат сѐ додека домашните експерти не завршат со сите случаи. Во оваа фаза само комунициравме, тие не се активни. Чекаме да се заврши со наодите, тоа се сензитивни процеси, и потоа ќе имаме заеднички состанок, локален експертски тим со меѓународниот експертски тим, и се надевам дека тогаш ќе имаме чист случај како понатаму, кои политики треба да ги имплементираме и дали можеби да се размислува за менување на некои од законите со цел да имаме појасно дефинирани протоколи за ваков вид услуги“, вели министерот Алиу.

За петте нови случаи, министерот Алиу извести минатата недела. Тимот странски експерти од Словенија, Австрија и од Италија ќе го дадат конечното мислење за сите пристигнати случаи, но тие ќе почнат со работа по локалните избори

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум
Следна Статија Ѓорѓиевски: Изградба на клучка Хиподром, решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

СЗО: 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во светот имаат генитален херпес

Студијата на Светската здравствена организација (СЗО) покажува дека 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во…

December 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци,…

December 31, 2024
ЗДРАВЈЕ

Од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре, понеделник, стартува вакцинацијата против сезонски грип, соопшти Министерството за здравство, од каде информираа дека обезбедиле 70 илјади бесплатни…

October 20, 2024
ЗДРАВЈЕ

Склучени договори со 18 приватни специјализанти во штипската болница, ќе се вработуваат и лекари, сестри и фармацевти

Клиничка болница – Штип склучи договори за вработување со 18 приватни специјализанти кои во наредниот период треба да помагаат во…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?