Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СЗО: 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во светот имаат генитален херпес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > СЗО: 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во светот имаат генитален херпес
ЗДРАВЈЕ

СЗО: 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во светот имаат генитален херпес

Објавено December 11, 2024 23:03
Сподели
Сподели

Студијата на Светската здравствена организација (СЗО) покажува дека 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во светот имаат генитален херпес.

Тоа значи дека 846 милиони луѓе во светот живеат со инфекција со генитален херпес, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува германската новинска агенција dpa.

Најмалку едно лице се заразува со вирусот секоја секунда, што е еквивалентно на 42 милиони луѓе годишно, според истражувањето на СЗО објавено во средата во списанието Сексуално преносливи инфекции, врз основа на проценките за 2020 година.

Вирусите остануваат во телото доживотно
Гениталниот херпес е една од најчестите сексуално преносливи болести и го зголемува ризикот од инфекција со вирусот СИДА, ХИВ.

Но, околу 90 отсто од заразените немаат никакви или имаат малку симптоми.

Кога ќе се појават симптоми, тие може да вклучуваат болен осип во пределот на гениталиите и треска.

Херпес вирусите остануваат во телото доживотно и можат да предизвикаат повторени инфекции.

Ова може да биде сериозно за бебињата ако нивната мајка се зарази доцна во бременоста и ја пренесе инфекцијата на детето за време на породувањето, според СЗО.

Заштита преку кондоми
Авторите на студијата напишале дека бидејќи се зафатени гениталиите, срамот и стигмата спречуваат дискусија за болеста.

Тие повикуваат на истражување за вакцини и нови терапии.

Гениталниот херпес, според извештајот, предизвикува трошоци од 35 милијарди долари годишно поради трошоците за лекување и изгубената продуктивност кога заразените се болни.

Користењето кондоми може да го намали ризикот од инфекција, велат авторите.

Оние кои покажуваат симптоми по инфекцијата треба да се воздржат од сексуален однос за да не го пренесат на партнерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ за случајот РЕК: Бараме од институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината
Следна Статија Се огласи Груби: Чист сум како солза, но се повлекувам од политиката и јавниот живот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари

Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем. Пред неколку…

June 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“

Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата. Со реконструкцијата…

May 13, 2026
ЗДРАВЈЕ

Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце утврди комисијата составена од странски експерти

Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце, утврди комисијата составена од странски експерти, соопшти министерот за здравство Азир…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?