Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари
ЕКОНОМИЈА

Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари

Објавено April 2, 2026 14:51
Сподели
Сподели

Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност.

Министерството за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари.

Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари согласно усвоеното законско решение во Собранието. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата. Во рамки на транспарентна постапка, заедно со компаниите беше утврден модел за враќање на средствата во два дела кои што ќе се реализираат во март 2026 и март 2027 година.

Повратот на средствата се врши врз основа на доставено барање од страна на компаниите до Управата за јавни приходи, а врз основа на донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НАСА лансира четири астронаути на Месечината во историската мисија „Артемис 2“
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола – Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

До 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата

Финансиска поддршка до 100.000 евра, која треба да им помогне да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Филип Николовски во „Бизнис клуб“:Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е Филип Николовски, сопственик на култната кафеана „Уранија“ во Скопје…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување

Снемува работна сила ама ако не се зголемат платите, уште толку ќе нема – порачаа денеска синдикатите. Работодавачите и Владата…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан,…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?