Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни
ХРОНИКА

Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни

Објавено June 29, 2025 23:02
Сподели
Сподели

Пожар избувна во валандовското село Јосифово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Првично гореше сува трева, но поради силниот ветер и високите температури, огнот се прошири и го загрози населеното место.

На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија.

Како што информираат од ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.

Пожарот е ставен под контрола со брза интервенција на пожарникарите.

Хеликоптерот не морал да интервенира, туку изврши само извиднички летови.

Според информациите на ЦУК, до 21 часот на територијата на државата се активни три пожари, и тоа во скопската Општина Шуто Оризари во населбата Визбегово, каде гори ѓубриште на дива депонија. Овој пожар претходно е изгаснат, но повторно е активиран.

Вториот пожар е во Општина Прилеп во селото Бешиште, каде гори сува трева и мешана шума, а третиот е во Општина Новаци, кај селото Градешница, каде гори шума.

Во државата денеска се евидентирани 25 пожари на отворено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: „Вчерашната Парада не е прашање на гордост, туку на срам!“
Следна Статија Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело…

September 20, 2025
ХРОНИКА

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Трагедија во прилепско: Момче загина во судир со мопед кој го возел негов врсник

13-годишно дете од прилепското село Лажани вчераутро загинало во судир со мопед кој го возело една година постаро момче од…

May 3, 2025
ХРОНИКА

Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

Полицијата заплени поголема количина брендирана стока без соодветна документација и приведе едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 01.08.2025…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?