Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгласана новата Влада на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Изгласана новата Влада на Србија
БАЛКАН

Изгласана новата Влада на Србија

Објавено April 16, 2025 18:38
Сподели
Сподели

Новата влада на Србија предводена од премиерот Ѓуро Мацут беше избрана со поединечно гласање на пратениците, од кои 153 гласаа „за“ и 46 „против“.
При објавувањето на резултатите од гласањето, пратениците на опозицијата не беа во собраниската сала.

Седницата почна во понеделникот со излагање на мандатарот Ѓуро Мацут, кој истакна дека Србија е уморна од поделби и блокади, дека мора да работи на усогласување на општеството, дека хармонијата може да се гради преку дијалог, толеранција, работа и градење на вредносен систем и рече дека негов прв приоритет ќе биде нормално нормално функционирање на училиштата и факултетите.

Тој повика на итен дијалог со сите ректори, декани и со сите студенти, за да се изнајдат прифатливи решенија и да се овозможи продолжување на работата на универзитетите во Србија, со оценка дека актуелната состојба е директна закана за опстанокот на универзитетот и дека таа мора да престане.

Сите владини пратенички групи најавија дека ќе ја поддржат новата влада на денот на гласањето, освен пратеникот на „Здрава Србија“, Милољуб Албијаниќ, кој го критикуваше владејачкото мнозинство, но „Здрава Србија“ се огради од неговиот говор.

Опозиционерите главно го критикуваа предлогот на Владата на Ѓуро Мацут, со оценка дека ништо нема да се промени и дека оваа влада ќе продолжи да работи штетно како и претходната.

Тие искажаа посебни критики за предлогот за министер за образование да се избере Дејан Вук Станковиќ, професор на Факултетот за образование, поради заканите што ги упатувал кон студентите за време на телевизиски настапи, но и поради обвинувањата за сексуално вознемирување од страна на некои негови студентки, за што тој поднесе тужба.

Нови имиња во Владата, заедно со премиерот Мацут, се и професорот на Факултетот за образование на наставници Дејан Вук Станковиќ кој е нов министер за образование, Ненад Вујиќ е избран за министер за правда, а академик Бела Балинт е избрана за министер за наука, технолошки развој и иновации.

За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Драган Гламочиќ, Сара Павков за заштита на животната средина, Александра Софронијевиќ за градежништво, транспорт и инфраструктура, додека Јагода Лазаревиќ ќе биде министер за внатрешна и надворешна трговија.

Меѓу новите имиња се министерката за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ, министерот за човекови и малцински права и социјален дијалог Демо Бериша, како и министерот за информации и телекомуникации Борис Братина.

Прв вицепремиер и министер за финансии повторно е Синиша Мали, а вицепремиери се министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и министерката за економија Адријана Месаровиќ кои остануваат во нивните ресори.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, министерот за одбрана Братислав Гашиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, министерот за здравство Златибор Лончар, министерот за култура Никола Селаковиќ остануваат на своите позиции од претходниот состав на Владата.

Во Владата останаа и министерот за спорт Зоран Гајиќ, министерот за грижа на селото Милан Кркобабиќ, министерот за туризам и млади Хусеин Мемиќ и министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ.

Министрите кои ќе останат во владата, а нема да водат исти ресори, е поранешната министерка за семејна грижа и демографија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, која сега е избрана на функцијата министер за труд, вработување, бранители и социјала, додека нејзината сегашна функција ја зазеде Јелена Жариќ, која беше министерка на локалната администрација и локалната управа во претходната влада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи
Следна Статија Николоски на средба со заменик извршниот директор на „Мубадала“ – Разгледани можностите за инвестиции во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети

Албанското Министерство за внатрешни работи од денес ќе започне со спроведување на привремена забрана за движење на електрични тротинети низ…

October 13, 2025
БАЛКАН

Вучиќ, Вучевиќ и Брнабиќ ќе се обратат во 18 часот, ќе соопштат важни вести!

Денеска во 18 часот ќе се обратат Александар Вучиќ, претседател на Србија, Милош Вучевиќ, премиер и Ана Брнабиќ, претседател на…

January 27, 2025
БАЛКАН

Грција: По 500 евра месечно за баби кои ќе чуваат внуци

На почетокот на 2025 година во Грција на национално ниво ќе започне програмата „Бебиситерки од соседството“ со цел да се…

October 29, 2024
БАЛКАН

Вучиќ најави огромни зголемувања: Просечната плата ќе достигне 1.174 евра, а минималната плата ќе биде 550 евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави зголемување на минималната плата за 20,1 процент. „457 евра е минималната плата денес во Србија,…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?