Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Измамнички мрежи: Бугари и Романци доаѓаат во Германија за да живеат од социјална помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Измамнички мрежи: Бугари и Романци доаѓаат во Германија за да живеат од социјална помош
СВЕТ

Измамнички мрежи: Бугари и Романци доаѓаат во Германија за да живеат од социјална помош

Објавено May 16, 2026 18:35
Сподели
Сподели

Германските градови бараат решение за злоупотребата на социјалните бенефиции од мигранти од Бугарија и Романија и бараат построги правила. Многу граѓани од овие земји доаѓаат во Германија само заради социјална помош, пишува „Дојче веле“.

Германската телевизија „АРД“ направи репортажа од Хаген, град со 200.000 жители, во кој живеат околу 7.000 Бугари и Романци, од кои повеќе од половина користат социјална помош, вклучително и за покривање на трошоците за сместување. Ова ја чини локалната самоуправа меѓу 10 и 15 милиони евра годишно. Градоначалникот Денис Ребајн оценува дека ваквата состојба создава чувство на неправда кај населението.

„Луѓето се прашуваат зошто некои добиваат поддршка, додека за други важни потреби нема средства“, вели Ребајн.

„АРД“ посочува дека граѓаните на ЕУ можат да стекнат право на социјална помош дури и со минимален ангажман од неколку работни часа неделно.

Во Гелзенкирхен биле одбиени барања за социјална помош на 500 лица од Бугарија и Романија. Тамошните власти бараат работниците од ЕУ сами да обезбедуваат најмалку една третина од својата егзистенција и спроведуваат построги контроли.

Според „АРД“, во Дуизбург живеат околу 26.000 граѓани од Бугарија и Романија, од кои 11.000 добиваат помош од Бирото за вработување. Слична е ситуацијата и во Хаген, каде што дел од локалното население смета дека со малку работа и повеќе деца, дополнителна работа не е неопходна бидејќи социјалните служби го покриваат поголемиот дел од трошоците.

Гелзенкирхен се посочува како пример поради воведените рестриктивни мерки. Во одредени случаи, од лицата кои не можат да докажат реален работен ангажман и се потпираат само на минимална работа се бара да ја напуштат земјата. Пред 11 години, во Гелзенкирхен е формирана специјална работна група, чија задача е да утврди кои лица навистина работат, а кои само формално пријавуваат вработување. Се покажало дека дел од мигрантите пријавуваат работа, но во практика не работат или работат минимално.

Градоначалничката Андреа Хенце вели дека сите кои сакаат да се интегрираат се добредојдени, но ќе се преземаат мерки против злоупотребите.

„Ќе се бориме против секој што сака да го злоупотреби системот. Често зад тоа стојат организирани структури“, кажа Хенце.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
Следна Статија УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

Американски федерален судија во одлука го блокираше обидот на администрацијата на Доналд Трамп до го укине правото за добивање државјанство…

January 24, 2025
СВЕТ

За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп

За денеска се планирани околу 1200 протести низ САД и во другите делови на светот, а организаторите очекуваат тоа да…

April 5, 2025
СВЕТ

Протести низ Грузија откако владата ја замрзна кандидатурата за ЕУ до крајот на 2028

Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во…

November 29, 2024
СВЕТ

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: „Ова е огромно“

ФБИ откри околу 2.400 записи поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди кои никогаш не биле доставени до комисијата…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?