Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки
ЕКОНОМИЈА

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Објавено May 16, 2026 18:40
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса.

Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 960 теренски контроли за фискализација, што е зголемување за 5% во однос на истиот период во 2025 година.

Со контролите беа опфатени различни типови деловни субјекти: •434 угостителски објекти; •318 трговски објекти; •201 услужен објект; •7 приредувачи на игри на среќа.

Контролите се реализирани врз основа на пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции.

За одбележување е фактот дека граѓаните се охрабриле повеќе да пријавуваат неправилности преку Контакт центарот и Инфо линијата на УЈП, велат од Управата.

Така, во овој период пристигнати се вкупно 887 пријави од граѓани, што е зголемување за 36% во однос на минатогодишниот број на пријави.

УЈП потсетува дека граѓаните можат директно да пријавуваат неправилности и преку апликацијата МојДДВ.

„Кај 395 субјекти се констатирани неправилности согласно ЗРГП. Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните мерки на УЈП. Додека минатата година неправилности биле утврдени кај 32% од контролираните субјекти, оваа година тој процент е зголемен на 42%. За утврдените неправилности во првите четири месеци од 2026 година изречени се глоби на правното лице и одговорното лице кај 395 субјекти“, велат од УЈП.

Најчеста неправилност и понатаму останува неиздавањето фискални сметки, при што во првите четири месеци од 2026 година се изречени 242 глоби по овој основ.

Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година.

Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од две години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност – запечатување на објектите.

Управата за јавни приходи најавува засилено теренско присуство со зголемен број на контролори на територијата на целата држава. УЈП веќе постапува согласно нова методологија на контроли, што вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници.

„Насочени сме кон откривање на моделите, ризиците и механизмите преку кои се создава неевидентираниот промет, не само да констатираме разлики, туку на разоткривање на тековите на неформалните економски активности и непријавените даноци. На даночните обврзници кај кои е утврден неевидентиран промет им се укажува истиот доброволно да го евидентираат во книговодствената евиденција и соодветно да го прикажат во даночните пријави. Доколку даночните обврзници не извршат доброволно усогласување, УЈП ќе спроведува дополнителни даночни контроли и ќе преземе санкции согласно законските прописи. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите, сузбивање на сивата економија и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници“, велат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Измамнички мрежи: Бугари и Романци доаѓаат во Германија за да живеат од социјална помош
Следна Статија Загина спасувач додека ги бараше телата на петмината Италијанци на Малдиви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 130 илјади туристи во мај, најбројни Турците

Во мај годинава, во земјава биле регистрирани вкупно 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни туристи, покажуваат најновите…

July 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата на светските берзи паѓа, дали се очекува намалување и кај нас?

Вклучувањето на САД во војната меѓу Израел и Иран влијаеше и на цената на нафтата на светските берзи која е…

June 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За пет години заеднички ќе ја завршиме пругата кон Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, гостуваше во централниот дневник на ТВ Сител, каде што ги презентираше најновите информации…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Акциите на Nvidia скокнаа за 18 проценти за десет дена поради огромната побарувачка за чипови

Акциите на Nvidia скокнаа за повеќе од 18 проценти во последните 10 дена, што е најдолгиот раст на производителот на…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?