Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Измените и дополнувањата на Законите за сообраќај и за странци го поминаа комисискиот филтер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Измените и дополнувањата на Законите за сообраќај и за странци го поминаа комисискиот филтер
МАКЕДОНИЈА

Измените и дополнувањата на Законите за сообраќај и за странци го поминаа комисискиот филтер

Објавено August 27, 2025 17:17
Сподели
Сподели

Измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за странци го поминаа првото читање во матичната комисија во Собранието. Главна новина во Законот за сообраќај и безбедност е имплементација на проектот „Безбеден град“, односно на сообраќајните прекршоци документирани со безбедносните камери.

Со овој закон, како што појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, меѓу другото, се дефинира и веродостојната исправа за сторен сообраќаен прекршок, утврдување на записник со прекршочен патен налог како единствен документ, регулирање на постапка за констатирање и документирање на сообраќајните трошоци со технички средства и уреди.

-Се дефинира и посебна глава за прекршоци документирани со технички средства, бришење на возачката книшка којашто во суштина и повеќе не е во практична функција, воведување на одговорност со глоба од 500 евра за лице кое прифаќа вина во име на друго лице кога електронскиот запис недвосмислено го утврдува сторителот кој што не е тој кој што признава вина, истакна Тошковски.

Воедно, измените ги разгледуваат и прашањата што се предмет на законот за прекршоци, однсно доставата на прекршочните анализи преку електронска пошта или порака на мобилен телефон, правото на судска заштита, присилна наплата на глобите како и постапувањето при прифаќање или одбивање одговорност за сторен прекршок.

– Оособно внимание е посветено на сериозните сообраќајни прекршоци како што се: возење по дејство на алкохол или дрога, возење во забранета насока и пречекорување на брзината коишто честопати претставуваат и елементи на кривичното дело безобзирно управување со моторно возило. Тука се врши суштинско преиспитување и разграничување на прекршочната и кривичната одговороност, појасни Тошковски.

Министерот за внатрешни работи ги образложи и измените на Законот за странци кои според него, претставуваат одговор на реалните потреби на државата и економијата со оглед на тоа што, како што рече, имплементацијата на стратешките инфраструктурни проекти бара присуство на голем број странски работници.

-Со предвидените решенија се создаваат услуги за нивно непречено ангажирање, но истовремено се задржуваат механизми за контрола и управување со вработувањата на странците. На тој начин обезбедуваме законска рамка што ги следи современите стандарди и ги елеиминира административните пречки со јасна цел – непречен реализација на стратешките проекти и подобрување на инвестициската клима во Македонија, појасни Тошковски.

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја увоија и предлог-одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина во второ читање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ
Следна Статија Tрамп: Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети поради поддршка на насилните протести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија во длабока демографска старост, иселувањето клучен проблем – младите сакаат да живеат во средена држава

Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од 1 јануари трајно одземање на возило доколку се управува безобѕирно

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?