Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
МАКЕДОНИЈА

Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

Објавено July 14, 2025 15:25
Сподели
Сподели

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола. Се предлага исто така регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на местото на живеење.

Во разговор со нашите сограѓани и со организациите кои ги опфаќа овој закон дојдовме до заклучок дека процесот на регистрирање на возило може да биде пресложен особено заради тоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат во станиците за технички преглед што значи дека и целосно да е завршена процедурата за преглед на возилото, сепак ќе треба да чекате неколку дена за да добиете печат во сообраќајната дозвола и затоа одлучивме да направиме неколку новитети – рече Стојановски.

За овој Предлог-закон, како што информираше Стојановски, не се поднесени амандмани во законскиот рок.

На 33. седница на Комисијата поминаа и измените на Законот за метрологија во прво читање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за зголемување на средствата за противпожарна заштита од 500 милиони денари
Следна Статија (ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Да се навратиме на вредностите на Свети Климент и да се сплотиме околу неговите заложби

Ако сакаме македонското општество да биде праведно и солидарно, а Македонија да ја направиме пристојно место за живеење мора да…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите

Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Револтирана скопјанка: „Не по 3, по 5 илјади нека ви продаваат квадрат – да уживате во смрдеата“

Револтирана скопјанка сподели фотографии од преполни контејнери и купишта отпад покрај нив во дел од најстрогиот центар на главниот град…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реконструиран локалниот пат село Корешница – село Челевец во Демир Капија

Со целосната реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат село Корешница – село Челевец во Општина Демир Капија, успешно е завршена…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?