Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за зголемување на средствата за противпожарна заштита од 500 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за зголемување на средствата за противпожарна заштита од 500 милиони денари
ПОЛИТИКА

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за зголемување на средствата за противпожарна заштита од 500 милиони денари

Објавено July 14, 2025 14:35
Сподели
Сподели

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребаланост на Буџетот поднесе амандман за зголемување на буџетските средства за противпожарна заштита во износ од 500 милиони денари.

Со предложениот амандман бараме зголемување на буџетските средства наменети за функционирањето и развој на територијалните противпожарни единици во износот 500 милиони денари, со цел зголемување на платата на пожарникарите нови вработувања и подобрување на условите за работата безбедноста и ефикасноста на пожарникарите, како и за одржување на постојната механизација, подобрување на условите за работа во противпожарните станици, набавка на лична заштитна опрема за пожарникарите и дополнителен надомест за вонредно ангажирање на пожарникари и други лица“, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревскa, образложувајќи го амандманот.

Лукаревска нагласи дека изминатиот период има активни пожари низ целата држава -Чучер Сандево, Крива Паланка Николич во Дојран, Куманово, Македонски Брод, Прилеп, вчера актуелно и пожарот во Злокуќани во Карпош и на други населени места, а истото се случи и минатата година, кога изгоре 10% од територијата на државата.

„Ние, како пратеничка група на СДСМ и коалицијата, добро знаете дека ги повлековме сите амандмани за да имаме насочени средства повеќе кон системите во Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Сè што треба да се направи за да се помогне на овие институции, за да не доаѓаме во ситуации да немаме соодветни капацитети, да немаме доволно капацитети и да не сме соодветно подготвени. Затоа треба да бидеме вклучени сите во рамки на овој процес“, кажа таа.

Додаде дека законот предвидува да има еден пожарникар на 1.500 жители.

„Врз основа на оваа математика има двојно помалку пожарникари од законски предвидените норми. А се провлекува, исто така, и проблемот со возила и со опрема. Во моментот, ако ја имаме предвид оваа законска одредба, имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици, иако тој број треба, нели, да биде поголем од 800“, рече Лукаревска, додавајќи дека дел од пожарникарите работат со стари возила, некаде и од 50-тата година и со стара опрема, а не постои ниту соодветен тренинг-центар за обука на новите и старите пожарникари.

Според неа, иако има огромен број на донации и од посебни организации, и од амбасади, сепак секоја општина е оставена сама на себе да се снаоѓа.

Затоа треба сите заеднички да направиме напори да ја унапредиме оваа ситуација — да создадеме подобри услови и за противпожарниот систем, но и да овозможиме соодветно вреднување на трудот на самите пожарникари. На минатиот ребаланс во 2024 година, повторно, како пратеничка група на СДСМ и коалицијата, поднесовме амандман за соодветна награда за пожарникарите, полицајците, војниците и сите оние коишто учествуваа во гасењето на пожарите, бидејќи во тој период алармиравме и укажувавме дека се наоѓаме во сериозен процес. Врз основа на тоа, потребно беше да се дадат соодветни награди и соодветна сатисфакција. Но, повикувавме да имаме еден заеднички пристап, да не полемизираме, да не ја злоупотребуваме состојбата за евтини политички поени — напротив, сите заеднички да застанеме во афирмација на овој процес“, истакна Лукаревска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По повод партнерството на A1 како генерален спонзор на фестивалот Охридско лето 2025
Следна Статија Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна

Според кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, Центарци јасно ја покажале насоката во која сакаат да…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време…

February 26, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

Села: Таравари е нестабилна фигура

Зијадин Села, лидер на едно од трите крила на Алијанса за Албанците, ја остави отворена вратата за влез Владата, испорача…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?