Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелската национална авиокомпанија ги откажа летовите до 23 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израелската национална авиокомпанија ги откажа летовите до 23 јуни
СВЕТ

Израелската национална авиокомпанија ги откажа летовите до 23 јуни

Објавено June 15, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до голем број европски земји до 23 јуни поради тековниот конфликт со Иран, објави „Тајмс оф Израел“.

Засегнатите дестинации се: Берлин, Тбилиси, Барселона, Батуми, Варшава, Родос, Минхен, Тиват, Лисабон, Токио, Краков, Венеција, Солун, Марсеј, Крит, Кефалонија, Санторини, Кишињев, Белград, Тирана, Порто, Миконос, Лефкада и Москва.

Ограничувањето ќе важи сè додека безбедносната ситуација не стане појасна, соопшти „Ел Ал“. Во меѓувреме, компанијата работи на тоа да им овозможи на заглавените патници во странство да се вратат дома.

– Ги разбираме тешкотиите, неизвесноста и стресот што го доживуваат клиентите на „Ел Ал“ во странство кои сакаат да се вратат во Израел, како и клиентите чии планови се нарушени. Откако ќе добиеме одобрение од надлежните безбедносни и воздухопловни власти, ќе направиме сè што е во наша моќ за да обезбедиме што е можно повеќе Израелци да можат да се вратат дома. Постепено ќе го продолжиме нашиот редовен распоред на летови и со летови од дестинации блиску до Израел“, се вели во соопштението од авиокомпанијата.

Во меѓувреме, Советот за национална безбедност на Израел предупреди да не се патува во Израел преку Египет и Јордан, иако границите се отворени.

– Препорачуваме Израелците кои моментално се во странство и очекуваат да се вратат во земјата да чекаат ажурирани информации од Министерството за транспорт, се вели во соопштението за медиумите на Советот за национална безбедност.

По ескалацијата на непријателствата меѓу Израел и Иран, воздушниот простор на двете земји е затворен за цивилен воздушен сообраќај, откажани се сите летови, а израелските авиокомпании од петокото почнаа да ги преместуваат своите авиони надвор од државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
Следна Статија Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на Израел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море

Танкер со нафта и товарен брод се судрија утринава во Северното Море, а британската крајбрежна стража ја координира итна спасувачка…

March 10, 2025
СВЕТ

Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“, предупредувајќи дека Украина…

July 19, 2025
СВЕТ

Украина и продава пресретнувачи на дронови на Саудиска Арабија

Саудиска Арабија потпиша договор со Украина за купување на украински ракети-пресретнувачи на дронови, објавија украинските медиуми. Двете земји исто така…

March 12, 2026
СВЕТ

Стотици Британки ќе ја тужат Џонсон и Џонсон поради наводната канцерогена пудра за бебиња

Околу 2.000 Британки, вклучително и семејствата на жртвите, треба да ја тужат американската компанија Џонсон и Џонсон поради наводно канцерогена…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?