Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел
БАЛКАН

Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел

Објавено August 19, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Најмалку 47 израелски туристи останаа заглавени во Босна и Херцеговина откако нивните пасоши по грешка завршиле во корпата за отпадоци на рецепцијата на хотел, јавува израелскиот портал ynet.

Туристите требало да се вратат во Израел, но поради губењето на патните документи, нивното патување било одложено. Тие биле сместени повторно во хотелот и им било соопштено дека ќе мора да останат најмалку 48 часа, со можност престојот да се продолжи до повеќе од една недела.

„Откако ги прегледавме снимките од безбедносните камери, откривме дека пасошите погрешно биле фрлени во корпата на рецепцијата. Подоцна биле однесени од службата за собирање ѓубре“, изјавија туристите за ynet.

Некои од израелските туристи се сомневаат дека не станува збор за случајна грешка. „Целата ситуација е многу чудна. Како е можно да се фрлаат пасоши? Се сомневаме дека тоа е направено намерно бидејќи документите јасно покажуваат дека сме од Израел“, истакнаа тие.

Министерството за надворешни работи на Израел потврди дека е запознаено со случајот и дека го следи одделот за израелски државјани во странство, во соработка со израелската амбасада во Белград, која ја покрива и Босна и Херцеговина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анчелоти не го повика Винисиус во бразилската репрезентација
Следна Статија Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грчкиот Парламент денеска ќе гласа дали да се воведе 13-часовен работен ден – би бил најдолгиот во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен…

October 15, 2025
БАЛКАН

Детали за трагедијата: Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна…

November 24, 2024
БАЛКАН

Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада

Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада,…

March 15, 2025
БАЛКАН

Секој втор тестиран возач во Црна Гора бил позитивен на дрога

Во Црна Гора, секој втор тестиран возач бил позитивен на некаков вид дрога, според податоците на Полициската управа. Началникот Илија…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?