Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата
СВЕТ

Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата

Објавено August 21, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Израелската армија објави дека започнала „прелиминарни акции“ како дел од планираната копнена офанзива насочена кон освојување и окупирање на градот Газа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека веќе ги контролираат областите на периферијата на главниот град на Појасот Газа.

Воен портпарол изјави дека војниците веќе дејствуваат во областите Зејтун и Џабалија за да ги постават темелите за офанзивата, која вчера официјално ја одобри министерот за одбрана Израел Кац и ќе биде презентирана пред безбедносниот кабинет на израелската влада подоцна оваа недела.

Околу 60.000 резервисти беа повикани да облечат униформи во септември за да го ослободат активниот персонал за операцијата во градот Газа.

Палестинската екстремистичка организација Хамас  обвини дека Израел го попречува договорот за прекин на огнот во Појасот Газа за да продолжи „брутална војна против невини цивили“.

„Соопштението на терористичката окупаторска армија за почетокот на операцијата против градот Газа и неговите речиси еден милион жители и раселени лица покажува јасно непочитување на напорите што ги вложија медијаторите за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. Иако Хамас објави дека се согласува со најновиот предлог презентиран од медијаторите, Израел инсистира на продолжување на својата варварска војна, а со тоа што не одговара на овој предлог израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху покажува дека е вистинска пречка за каков било договор, дека не се грижи за животите на израелските заложници и дека нема сериозна намера да ги врати“, пишува во реакцијата на Хамас.

Медиумите објавија дека Палестинците веќе бегаат од градот Газа и дека се очекува стотици илјади жители на главниот град на палестинската енклава да добијат наредба да се евакуираат во засолништа на југот од Појасот Газа, бидејќи се во тек подготовките за планот на Израел за преземање на територијата.

Многу од сојузниците на Израел го осудија неговиот план за таа земја, а францускиот претседател Емануел Макрон вчера предупреди дека овој план „може да доведе само до катастрофа за двете нации и ризикува да го вовлече целиот регион во циклус на постојано војување“.

Во меѓувреме, Меѓународниот комитет на Црвениот крст објави дека понатамошното раселување и интензивирањето на непријателствата „носат ризик од влошување на веќе катастрофалната ситуација“ за 2,1 милиони жители на Појасот Газа.

Израелската влада ја објави својата намера да го освои целиот Појас Газа откако индиректните разговори со Хамас за прекин на огнот и договорот за ослободување на заложниците пропаднаа минатиот месец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија
Следна Статија Најголема „кражба“ ова лето, Езе го чекаа во Тотенхем тој замина во Арсенал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори, ако не го стори тоа ќе биде тажен крај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас има околу три или четири дена да одговори на неговиот…

September 30, 2025
СВЕТ

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за непријателска земја: комуникацијата е прекината, патните и железничките врски се целосно блокирани

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава“ и потврди дека ја прекинала комуникацијата со таа земја, објави утринава…

October 17, 2024
СВЕТ

Западниот Балкан ќе профитира од намерата на ЕУ да ја внесе Украина по секоја цена

Дали војната во Украина, поточно обновата која треба да дојде на земјата со европски пари, ќе го потурне влезот на…

February 20, 2026
СВЕТ

Хаос на климатски самит во Бразил: Домородно население упадна и се судри со обезбедувањето

Десетици домородни демонстранти вчера насилно влегоа во местото на одржување на самитот за климата КОП30 и се судрија со обезбедувањето…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?