Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош
ХРОНИКА

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Објавено March 17, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле Гоцевски кој почина по тешкиот работен ден, превезувајќи ги жртвите од пожарот.

„Утрово нè напушти уште едно срце, возачот на Итната медицинска помош од Кочани, Иле Гоцевски, човек кој беше на првата линија на оваа страшна трагедија, човек кој одговори на повикот за спасување, но неговото сопствено срце не издржа. Некои болки се преголеми. Некои загуби се премногу тешки за да се носат“, вели Таравари.

За трагедијата министерот вели дека тоа е рана што ја носи целиот народ.

„Тагата за 59-те млади животи згаснати во пожарот во Кочани се чувствува во секој дом, на секоја улица, во секое срце. Денес плачеме како едно. Никој не може да остане имун на ваква загуба.  Во овие моменти, кога зборовите не се доволни, се поклонуваме пред сите лекари, медицински лица и спасувачи кои без двоумење ги вложуваат своите животи за да спасат туѓи. Оваа трагедија уште еднаш ни покажа дека нивната работа не е само професија, тоа е жртва, тоа е храброст, тоа е човечност. Нека почива во мир нашиот медицински херој. Нека почиваат во мир младите чии соништа згаснаа прерано. Никогаш повеќе да не доживееме ваква сурова реалност“, додаде Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пленковиќ: Четворица повредени од Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
Следна Статија Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожарникар тешко повреден кај Бразда, паднал од четирицикл

На 07.07.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Жејковац“ во атар на с.Бразда, пожарникарот…

July 8, 2025
ХРОНИКА

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работа – се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот Алиу информираше дека вработените во…

August 14, 2025
ХРОНИКА

Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во…

April 22, 2025
ХРОНИКА

Млад мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Мотоциклист денес загина на патот Дебар кон Струга. Сообраќајна несреќа се случи околу 14:30 часот во близина на селото Отишани.…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?