Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Или ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата Филипче-Ахмети-Апасиев, според Мицкоски трета опција на изборите нема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Или ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата Филипче-Ахмети-Апасиев, според Мицкоски трета опција на изборите нема
ПОЛИТИКА

Или ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата Филипче-Ахмети-Апасиев, според Мицкоски трета опција на изборите нема

Објавено September 29, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Градско одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се очекувањата од овие избори и истакна дека две се опциите на овие избори, од една страна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а од друга страна коалицијата СДС- ДУИ- Левица, трета опција нема.

„Што се однесува на изборите, граѓаните на овие избори имаат две опции едната опција е коалицијата СДС ДУИ и Левица тоа е коалицијата Венко Филипче, Али Ахмети, Димитар Апасиев па и да кажев Димитар Заев немаше да биде грешка бидејќи гуруто во позадина е тој на оваа коалиција и тоа е патот оној кој што и 7 години го гледавме. Пат на криминал корупција, национални понижувања неработа, неиспорака тоа е тој пат. И следната опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ тоа е она коешто ние заедно со поддршката која ја имаме од граѓаните изминатите 15 месеци еве веќе 16 месец го работиме, и доколку граѓаните се задоволни од тоа што ние го работиме, јас ги повикувам по сопствена волја да излезат и на изборите на 19 октомври да го дадат својот глас, за онаа опција за којашто сметаат дека е подобра. Ќе повторам две опции се, една опција е коалицијата СДС, ДУИ и Левица, тоа е едната коалиција, едната опција, треба сите да знаат, ако некој мисли дека тоа во обланда се сервира, не, тоа е јавно, јасно профилирана коалиција и втората опција е ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, така што нема трета опција. Трета опција не постои, секој оној којшто со седење дома, со апстинирање ќе казни некого, ќе покаже пркос, или пак ќе испрати некаква порака се лаже. Тогаш тој директно гласа за Венко Филипче, за Али Ахмети и за Димитар Апасиев. Тоа е опцијата од една страна ВМРО-ДПМНЕ коалицијата од друга страна се овој трилинг на асови, Венко Филипче Димитар Апасиев, Али Ахмети тоа е опцијата на овие избори“ истакна Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники, прашуваат од СДСМ
Следна Статија Додик: Парламентот наскоро ќе назначи вршител на должноста претседател на РС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува

Партиите денеска ги осудија неприфатливите скандирања на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу националниот тим на Македонија и…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: ДУИ прво мене ми понудија да ја растурам „Влен“, ми кажаа дека Ахмети ќе се пензионира

Гласачите гласаа за промена на централно ниво и убеден сум дека сакаат промени и на локално ниво, ќе бидеме фаворити…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Перински е заинтересиран за градоначалничкото столче, ќе одлучат партијата и граѓаните

Министерот за локална самоупава, Златко Перински, уште еднаш ги потврди своите намери да влезе во трка за градоначалничката фотелја во…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?