Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники, прашуваат од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники, прашуваат од СДСМ
ПОЛИТИКА

Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники, прашуваат од СДСМ

Објавено September 29, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Според опозициската СДСМ, состојбата во македонското здравство е катастрофална.

Како што оценуваат, неспопсбноста на власта, создаде таков хаос, што болниците остануваат без лекари а пациентите сами со својата мака.

Недостигот на специјалисти, додава Елена Радеска од оваа партија, е огромен проблем кој се продлабочува.

„Клиниката за Kардиохирургија е во толку тешка состојба да поради недостиг од стручен кадар во моментов нема кој да оперира.

Нема операции, нема нови интервенции, нема надеж.

Тоа го признава и актуелниот министер за здравтво но владата на ВМРО-ДПМНЕ нема решение.

Граѓаните слушаат само оправдувања, треба да чекаат лекари од странство привремено да дојдат за да може да се направи операција. Или се принудени да одат на приватни клиники кои им се недостижни.

Ова е срам и голема неправда за сите кои се борат за здравје и живот. Ова власт секој ден покажува и докажува дека работи само за големите приватни болници, додека здравствениот систем тоне во хаос, а за граѓните ништо не се прави.

Министерот за здравсто наместо за доброто на јавното здравство, на болниците, клиниките, здравствените установи како да работи само за доброто на приватните болници“.

Ситуацијата со факторите на коагулација, како што истакнува, е уште еден пример за неспособност и негрижа.

„Наместо да се обезбеди рекомбинантен фактор VIII, тендерот пропадна. Сега се користат плазматски и препарати од четврта генерација. Трошокот е енормен, а пациентите се оставени да живеат во страв дали воопшто ќе имаат терапија.

Ова се тажни приказни на вистински луѓе кои секојдневно живеат во неизвесност поради оваа власт. Секое одложување, секоја погрешна одлука и секоја пропуштена шанса во здравството значи човечки животи.

За овој хаос во здравството мора да има одговорност“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Од Обвинителството не сум задоволен, сите поврзани со „Пулс“ треба да бидат изнесени пред лицето на правдата
Следна Статија Или ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата Филипче-Ахмети-Апасиев, според Мицкоски трета опција на изборите нема

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче промовира Фронт за слобода и правда

Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. ​Коалицијата и соработката,…

May 31, 2026
ПОЛИТИКА

Очигледна е разликата во прославата на родендентите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (ФОТО)

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните го одбележи…

June 18, 2026
ПОЛИТИКА

Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

Османи: Две години велеа дека ја менуваат трасата, а ниту милиметар на автопатот Скопје-Блаце не е променет

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, вели дека денешното потпишување на договорот со ЕБОР за доградба на…

July 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?