Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
СВЕТ

Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД

Објавено June 7, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, односно гласачи кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар.

Маск првпат ја спомена идејата во четвртокот, а во анкета што ја објави вчера на своите 220 милиони следбеници на социјалната мрежа, доби поддршка од 80 проценти од нив, објави Си-Би-Ес Њуз.

„Тоа е судбина“, напиша Маск синоќа, прифаќајќи го предлогот на еден следбеник новата партија да се нарече „Американска партија“, слично на името „Америка ПАК“ за политичкиот акционен комитет што Маск го основа минатата година, кој беше главниот „мотор“ за издвојување на 239 милиони долари за помош на Трамп и другите републикански кандидати на изборите во 2024 година.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Еј-Би-Си Њуз дека Маск „го изгубил разумот“.

Во телефонско интервју, Трамп звучеше „рамнодушно и незаинтересирано“ за она што медиумите го опишаа како „тензичен однос“ со Маск. Кога беше прашан за можен разговор со Маск, Трамп одговори: „Мислите на човек кој го изгубил разумот?“, нагласувајќи дека во моментот не е заинтересиран за никаква комуникација со својот поранешен соработник, иако, како што изјави, Маск сака да разговара со него.

Потоа Трамп се префрли на други теми, како што се инфлацијата, странските инвеститори и неговата планирана посета на Кина.

Луѓе блиски до Трамп велат дека тој бил повеќе „потиштен отколку лут поради тензичниот однос со Маск“.

Според информациите објавени од Еј-Би-Си, повикувајќи се на висок функционер на администрацијата, Трамп размислува да ја подари или продаде својата црвена Тесла, што ја купил за да ја поддржи работата на Маск.

Во меѓувреме, во интервју за Ал Арабија, таткото на Маск, Ерол Маск, рече дека го контактирал својот син, повикувајќи го да го прекине „конфликтот“ со Трамп. Спорот меѓу американскиот претседател и поранешниот шеф на DOGE започна откако Маск го критикуваше законот за трошење и даноци на Трамп, кој влијае на бизнисот со електрични возила.

Трамп одговори дека не е сигурен дека ќе биде во добри односи со Маск во иднина, а сопственикот на Тесла потоа го обвини републиканецот дека неговото име е во досиејата на осудениот педофил Џефри Епстин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синер го запре Ѓоковиќ на Ролан Гарос
Следна Статија Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за…

August 8, 2025
СВЕТ

Кумановецот Прпарим е кандидат за градоначалник на Цирих

Либералната партија (ФДП) го предложи Прпарим Авдили како свој кандидат за градоначалник на швајцарскиот град Цирих. Тој сам ја сподели…

July 7, 2025
СВЕТ

(ФОТО) Во Москва „уапсено“ куче-робот кое пренесувало дрога

Полицијата во Москва „уапсила“ куче-робот кое работело како курир за дрога. Кучето на себе имало рекламен материјал за продавница за…

December 2, 2024
СВЕТ

Израел изведе воздушни напади врз Иран (ВИДЕО)

Израелската војска изврши, како што соопшти, „прецизни напади“ во Иран во приближно четиричасовна операција во раните утрински часови, пренесе ДПА.…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?