Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск: Јас не користам дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Илон Маск: Јас не користам дрога
СВЕТ

Илон Маск: Јас не користам дрога

Објавено June 1, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Илон Маск на X објави дека не користи дроги, еден ден откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот соработник на Доналд Трамп земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.

Да бидам јасен, ЈАС НЕ користам дрога! „Њујорк тајмс“ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив за тоа на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го користел тоа“, напиша најбогатиот човек во светот.

Во својот напис во петокот, „Њујорк Тајмс“ објави дека Маск консумирал значителни количини на кетамин, анестетик со стимулирачки ефекти, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.

Илон Маск, извршниот директор на X, Tesla и SpaceX, претходно јавно изјави дека користи ниски дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно.

„Њујорк тајмс“ ја темели својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе кои го познаваат Маск или работеле со него.

„Волстрит журнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дроги, вклучувајќи го и „Амбиен“ за лекување на проблеми со спиењето.

Во петокот, Маск поднесе оставка од американската администрација, каде што беше задолжен за намалување на федералните трошоци. Тој рече дека го прави ова затоа што ги запоставил своите компании.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по 5:0 против Интер
Следна Статија Луис Енрике – две тројни круни со двa различни тима

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трудо поднесе оставка!

Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се разбудил како премиер, е…

January 6, 2025
СВЕТ

Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД

Доналд Трамп, кој по вторпат е избран за претседател на САД ќе има годишна плата од 400.000 долари. Освен тоа,…

November 8, 2024
СВЕТ

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа…

June 13, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Најмалку 22 лица загинаа во пожар во ресторан во Кина

Најмалку 22 лица загинале, а тројца се повредени во пожар во ресторан во северниот кинески град Лиjаојанг, соопштија локалните власти.…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?